Официјален дигитален речник на македонскиот јазик

(Пренасочено од ОДРМЈ)

Официјален дигитален речник на македонскиот јазик — еднојазичен описен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Владата, Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“[1]. По обем речникот се определува на околу 100 000 збора (заедно со внесените како подзаглавни зборови во речничките статии), а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер.[1]

Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Вид место
дигитален речник
Достапно намакедонски
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Основач(и)Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“[1]
Адресаmakedonski.gov.mk
Зачленувањене
Тековна состојбаактивен

Електронскиот толковен речник е промовиран на 5 мај 2021 година по повод Денот на македонскиот јазик, востановен во 2019 година во чест на историскиот 5 мај 1944 кога е усвоена современата македонска азбука. Владата одлучила трајно да ги откупи материјалните права на составувачите на Толковниот речник на македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ја операционализирало одлуката, а Министерството за култура го стави онлајн изданието на Толковниот речник во националната програма за „Годината на Конески“.[2]

Промоцијата била во рамките на чествувувањето 100 години од раѓањето на Блаже Конески, што било и во календарот на УНЕСКО за меѓународни јубилеи во 2021, и во годината кога се одбележувале 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874 — 1926).[2]

Опис

уреди

Официјалниот дигитален речник на македонскиот јазик е поставен на семрежната адреса makedonski.gov.mk и пристапот до неа е слободен.

Корпус на македонски зборови

уреди

ОДРМЈ ги содржи најупотребуваните зборови на современиот македонски стандарден јазик. Речникот се надоградува со зборови од различните стилови, коишто се издвојуваат со честата и општоприфатена употреба во усната и писмената комуникација.

Пребарување на зборовите

уреди

Пребарување на зборовите е можно по првата буква, по дел од зборот или како цел збор. Речникот е наменет за најширок круг корисници како неопходен прирачник што ги упатува во правилната употреба на зборовите.

Барање на кратенки

уреди

Речникот содржи над 1300 често употребувани кратенки во македонскиот јазик, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето „Кратенки“.

Барање на топоними

уреди

Речникот содржи над 1200 географски термини, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето „Топоними“.

Можност за предлагање нови зборови

уреди

Речникот овозможува предлагање на нови зборови при што се бара и предлог за нивно толкување.

Значење

уреди

ОДРМЈ доаѓа како втор дигитален речник на македонскиот јазик и дава свој придонес за збогатување на дигиталните ресурси за македонскиот јазик.

Противречности

уреди

По реакцијата на Здружението за унапредување на правата на Ромите „Аваја“ до Владата, зборовите циганчи, циганштија (кои се вклучени во ТРМЈ) и други беа отстранети. Овој потег предизвика реакција во јавноста, класифирајќи го како цензура. За Институтот за македонски јазик ваквиот потег бил „помало зло“.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Официјален дигитален речник на македонскиот јазик“. makedonski.gov.mk. Посетено на 24 мај 2021.
  2. 2,0 2,1 „Официјален дигитален речник на македонскиот јазик“. vesnik-ilinden.com. Илинден. Посетено на 28 јануари 2023.
  3. „Повлекување на зборовите од толковниот речник – цензура или "помало зло"?“. Телма. 7 мај 2021. Посетено на 24 мај 2021.
  4. „Феноменот Толковен речник: Светот ги збогатува речниците, ние кастриме!“. Факултети. 8 мај 2021. Посетено на 24 мај 2021.