Нурије Улвије Мевлан Џивелек

Нурије Улвије Мевлан Џивелек (турски: Nuriye Ulviye Mevlan Civelek), (1893-1964) - турска активистка и борец за правата на жените, новинар и основач на првото феминистичко женско списание и на првото здружение за правата на муслиманските жени во Турција. Списанието било првото кое објавило фотографија на муслиманска жена.

Нурије Улвије Мевлан Џивелек
Роден(а)Нурије Улвије Једич
1893
Починал(а)9 април 1964
Кирикхан, Хатајска покраина, Турција
НационалностТурчинка
Други имињаНурије Улвије, Нурије Улвије Бег, Улвије Мавлан, Нурије Улвије Џивелек, Улвије Џивелек, Нурије Улвије Мевлан Џивелек
Занимањеновинарка, активистка за женски права
Активен1913-1964
Познат(а) поосновач на првото женско здружение во Отоманска Турција
СопружникХулизи Бег (м. 1906)
Рифат Мевлан (м. 1913, р. 1923)
Али Џивелек (м. 1925)

Рани години

уреди

Нурије Улвије Једич се родила во 1893 година како ќерка на Сафије Ханим и Махмут Једич[1] најверојатно во Хаџивелиоба, Гонен, Отоманско Царство,[2] иако во некои извори нејзиното родно место се наведува како Сирија[3] а други наведуваат дека се родила во централна Турција во Гореме.[1] Нејзиниот татко бил земјоделец со черкеско потекло откако бил принуден да го напушти Северен Кавказ по освојувањето на Руското царство.[1] Од финансиски причини, бидејќи семејството живеело во сиромашни услови, тие ја испратиле нивната ќерка да живее во палатата Јилдиз [3] на возраст од шест години.[4] Таму таа стекнала воспитание, ги научила правилата на палатата и религија. Како што било вообичаено, стапила во брак на возраст од тринаесет години, во 1906 година.[3] Нејзиниот сопруг, Хулузи Бег, бил полубрат на султанот и умрел веднаш после бракот.[1]

Кариера

уреди

Користејќи ги парите кои ги наследила, таа го основала списанието Женски свет (турски: Kadınlar Dünyası) под името Нурије Улвије, на 4 април 1913 година. Следниот месец, на 28 мај 1913 година, таа го основала Отоманското здружение за одбрана на правата на жените (турски: Osmanlı Müdâfaa-i Hukuk-ı Nisvan Cemiyeti), со цел да се подобрат условите на жените во образованието и нивните можности за вработување како и за реформи за облекувањето.[5] Иако здружението било првенствено организација на муслимански жени, во него имало и припаднички од друго етничко малцинство како и европски новинари.[1]

Во почетокот, списанието било објавувано како дневен весник. Потоа таа започнала да го објавува неделно[1] а потоа, најверојатно околу 7 септември 1913 година, започнала да ги потпишува нејзините написи со името Улвије Мевлан, откако го земала презимето на нејзиниот нов сопруг, Рифат Мевлан[5] (исто така, понекогаш назначен како Мевланзаде Рифат Бег),[3] кој бил новинар и политичар.[5] Списанието било прво кое објавило фотографија на муслиманска жена. Ниеден од вработените, ниту од писателите не биле мажи. Мевлан ги исклучила мажите, бидејќи мажите ги исклучувале жените од учеството во општеството.[1]

"Продолжив да размислувам како би можеле да направиме промени во нашите покорни и бескорисни животи. За движење напред верувам дека е неопходна практична и духовна храброст. Сега сме во ера на реформи и просветлување. Знаев дека за да напредуваме во општеството, ќе мораме да развиеме модерна личност, ум и душа. Во оваа ера на будење и новото општество засновано на напредокот во општествените науки, решив да објавам списание кое ќе ги охрабри жените да ги преземат неопходните развојни чекори."

Нурије Улвије со потпис на Кадинлар Дунјази, "Terakkiye Doğru", Kadınlar Dünyası, 1913, no. 5, pp. 2-3.[5]

Во нејзините статии, Мевлан ги искажувала јасните цели за правото на жените на високо образование, еднакви плати и нивно вработување на државна служба. Таа тврдела дека со подобрување на животот и положбата на жените, ќе се подобри и животот на мажите.[5] Таа исто така тврдела дека жените треба да можат да носат шамија наместо на превез, да имаат еднакви права во рамките на бракот и ја осудувала праксата на договорен брак.[6] Како резултат на нејзините кампањи, жените добиле некои значајни успеси, како оној во 1913 година, кога седум жени биле ангажирани да работат во телефонска канцеларија и оној во 1914, кога во Истанбул бил отворен универзитетот за наука и книжевност Инас Дарулфунуну.[7] Од 1913 до 1914 година, Женски свет, објавил и свое француско издание во насока на зголемување на дијалогот меѓу европските феминисти и членови на Здружението.[1]

Мевлан управувала со Женски свет до 1921 година.[5] Во тоа време се водела Турската војна за независност а сопругот на Мевлан, како поддржувач на курдската независност[8] бил депортиран како една од 150 непожелни личности на Турција во 1923 година.[4][3] Во 1927 година, Мевлан се развела и започнала да води ученички дом за студенти. Во 1931 година, се омажила за некој студент по медицина, Али Мухарем Џивелек, од Антиохија кој живеел со неа за време на неговите студии на Факултетот за медицина.[2] По завршувањето на студиите, двојката си заминала од Истанбул и се преселиле во Кирикхан.[3]

Џивелек умрела на 9 април 1964 година во Кирикхан, Хатајска провинција, Турција и била погребана на гробиштата во Азри во Антакија, Хатај, во Турција.[5]

Наследство

уреди

По нејзината смрт, јавна библиотека го носи нејзиното име, а истата била основана во 1967 година од страна на нејзиниот сопруг. Од 2004 година, библиотеката располагала со над 9,000 книги.[9] Постои исто така и улица во Кирикхан која го носи нејзиното име[4] а на гробиштата каде што била погребана, нејзиниот сопруг подигнал фонтана во нејзин спомен. Во 1967 година, на истите гробишта, Турскиот женски совет (турски: Türkiye Kadınlar Konseyi) подигнал спомен плоча во нејзина чест.[5]

Наводи

уреди

Цитати

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Çakır 2006.
  2. 2,0 2,1 Çakır 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Özden 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Canbek 2011.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 von Dewitz 2012.
  6. Altınöz 2003.
  7. 100 Years of Women at the University 2014.
  8. Ozoglu 2012.
  9. Cihan News Agency 2004.

Извори

уреди
  • Altınöz, Vuslat Devrim (2003). Women’s Press, Journals, Magazines and Newspapers from 1875 to 1923 (Masters). Oxford, Ohio: Miami University. Архивирано од изворникот на 2017-10-26. Посетено на 30 March 2016.
  • Çakır, Serpil (2016). „Nuriye Ulviye Civelek Hayati“. Kitapsec (турски). Ankara, Turkey: Türkiye Cumhuriyeti Kültür ve Turizm Bakanlığı. Посетено на 30 March 2016.
  • Çakır, Serpil (2006). „Mevlan Civelek, Ulviye (1893–1964)“. Во de Haan, Francisca; Daskalova, Krasimira; Loutfi, Anna (уред.). Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries (PDF). Budapest, Hungary: Central European University Press. стр. 336–339. ISBN 978-963-7326-39-4 – преку Project MUSE.
  • Canbek, Serap (August 2011). „İlk Çerkes feminist Ulviye Mevlan Civelek“ [First Circassian feminist: Ulviye Mevlan Civelek] (турски). Istanbul, Turkey: Jineps Gazetesi. Архивирано од изворникот на 30 March 2016. Посетено на 30 March 2016. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  • Özden, Zuhal (9 March 2015). „Osmanlı'da İlk Kadın Feminist Ulviye Nuriye Mevlan Civelek“ [The First Feminist in the Ottoman Empire: Ulviye Nuriye Mevlan Civelek] (турски). Istanbul, Turkey: Demokrat Haber. Архивирано од изворникот на 9 March 2015. Посетено на 30 March 2016. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  • Ozoglu, Hakan (2012). Kurdish Notables and the Ottoman State: Evolving Identities, Competing Loyalties, and Shifting Boundaries. Albany, New York: SUNY Press. ISBN 978-0-7914-8556-9.
  • von Dewitz, Lyndall, уред. (2012). „Nuriye Ulviye Mevlan Civelek“. translators into English: Meral Akkent, Erlangen, Germany and Emre Aslay, Chicago, İllinois. Istanbul, Turkey: Istanbul Kadin Müzesi. Посетено на 30 March 2016.
  • „Kırıkhan'daki tarihi kütüphane ilgi bekliyor“ [Kırıkhan historic library is waiting for attention] (турски). Istanbul, Turkey: Cihan News Agency. 24 July 2004. Архивирано од изворникот на 30 March 2016. Посетено на 30 March 2016. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  • „İnas Darülfünunu ve Kadınlar Dünyası Dergisi“ [Women’s University and the magazine] (PDF). Kadınların Üniversitede 100 Yılı İnas Darülfünunu / Kadın Üniversitesi 1914–1919 (турски и англиски). Istanbul, Turkey: İstanbul Kadın Müzesi, Bianet. 2014. Посетено на 30 March 2016.