Ноеми Батки
Ноеми Батки (родена на 12 октомври 1987 година) е италијанска нуркачка со унгарско потекло. Таа е член на италијанскиот национален нуркачки тим.
Кариера
уредиТаа е родена во Будимпешта, Унгарија, а на 3-годишна возраст се преселила и во Белуно, во Италија, со нејзината мајка Иболја Наѓ, унгарската нуркачка на платформа која учествувала на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.
Таа го освои својот прв медал на 16-годишна возраст на Јуниорското Европско првенство во Ахен, во Германија, каде што таа го освоила и сребрениот медал во синхронизацијата на отскочна штица на 3 метри, заедно и со нејзината колешка Франческа Далапе, и го освои бронзениот медал за дисциплината платформа.
Во пролетта 2005 година, Батки се преселила во Трст. Во јули 2005 година, таа учествувала на Светското првенство на ФИНА во Монтреал, Квебек, Канада, каде што, на своето прво светско искуство, се пласирала на петтото место во синхронизацијата на отскочна штица на 3 метри заедно со добри резултати во натпреварите на отскочна штица на 1 метар и 3 метри. Истата година во Електростал, во Русија, таа го освоила својот трет медал за јуниори, сребрен, во конкуренција на 3 метри.
Во 2006 година, таа учествувала на Европското првенство во Будимпешта, нејзиниот роден град, каде што се пласирала на 6-тото место во 3 метри синхроно, а истата година го освои сребрениот медал на Купот на шампионите во Арена нуркање во Стокхолм.
Во 2007 година, таа го освоила бронзениот медал на Купот на шампионите во нуркање Арена во синхроната трка на 3 метри и го освои златниот медал во истата дисциплина на италијанското првенство во салата. Таа, исто така, учествувала на Светското првенство на ФИНА во Мелбурн, Австралија, каде што постигна многу добри резултати како што се 11-то место во трката на 1 метар и 9-то место во трката синхроно на 3 метри.
Во август 2007 година, Батки го освои златниот медал на 24-та Универзијада во Бангкок, Тајланд, во конкуренција на 1 метар, делејќи го истиот резултат како и украинската нуркачка Марија Волошенко.
Во февруари 2008 година, Батки се квалификувала за Летните олимписки игри 2008, а со пласманот на петтото место во синхрони конкуренцијата на 3 метри, заедно со нејзината колешка Франческа Далапе, на Светскиот куп на ФИНА во Пекинг. На Олимпијадата Батки и Далапе се пласираа на 6то место.
Во август 2010 година го освоила сребрениот медал на Европското првенство во Будимпешта, Унгарија, во трката на платформа на 10 метри, постигнувајќи 343,80, 11 поени дури и помалку од освојувачот на златен медал Кристин Стјуер, од Германија.
Во март 2011 година, Батки го освоила својот прв златен медал на едно Европско првенство, на второто Европско првенство во нуркање во арената во Торино, достигнувајќи го првото место на трката на платформата и освојувајќи 346,35 поени,кој е нејзинот нов личен рекорд. [1] Со овој резултат таа ги доби и квалификациите за Летните олимписки игри 2012 година, па така се натпреварувала во Лондон и стигна до финалето за жени на платформа на 10 метри каде го освои и 8-то место. Таа, исто така, се натпреварувала на Летните олимписки игри 2016 година во Рио, каде што се натпреварувала во женска платформа на 10 метри и беше на 26-то место.
2017 година
Ноеми Батки учествувала и на светската серија за нуркање 2017 година во Казан, каде што настпила во мешано синхроно на 10 метри што ќе се одржи од 31 март до 2 април. Таа завршила на 5то место со резултат од 297,96.
Наводи
уреди- ↑ „Medal table and winners at 2nd Arena European Diving Championships“. Архивирано од изворникот на 24 November 2011. Посетено на 17 December 2011.