Ново Село (Полошко)
Ново Село — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Ново Село | |
Координати 41°50′4″N 20°52′1″E / 41.83444° СГШ; 20.86694° ИГД | |
Општина | Врапчиште |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 07057 |
Надм. вис. | 636 м |
Ново Село на општинската карта Атарот на Ново Село во рамките на општината | |
Ново Село на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото лежи во Полошката Котлина. Во близина се селата Зубовце и Врапчиште, а истото е оддалечено 8,3 километри од центарот на градот Гостивар.
Историја
уредиСтопанство
уредиДемографија
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 72 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 19 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 72 | 72 | 60 | 69 | 59 | 59 | 44 | 25 | 22 | 19 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиНово Село е македонско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Староседелци: Стојковци (1 к.), Стојановци (1 к.), Димовци (2 к.) и Змејковци (1 к.).[9]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 453 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Врањовце.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 697 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиПоради лошата географска положба, селаните од Ново Село се или биле приморани да функционираат надвор од селото, бидејќи селото не е опремено со продавници и останати места кои се потребни за опстанок. Затоа некои селани доброволно се преселиле од селото во соседно Зубовце кое е и најблиску до селото, или потполно се преселиле во градот Гостивар.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 124-125. Данните могат да се отнасят и за Мавровското Ново село.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1972). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.