Нијагара (филм од 1953)

„Нијагара“ (англиски: Niagara) — американски филм од 1953 година, во режија на Хенри Хатавеј, по сценариото на Чарлс Брекет (Charles Brackett), Волтер Рејш (Walter Reisch) и Ричард Л. Брин (Richard L. Breen). Главните улоги ги играат: Џозеф Котен (Joseph Cotten), Џин Питерс (Jean Peters), Мерилин Монро (Marilyn Monroe), Макс Шоволтер (Max Showalter), Денис О'Ди (Denis O'Dea), Ричард Алан (Richard Allan) и Дон Вилсон (Don Wilson). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во три категории.[1] [2]

Поли (ја игра Питерс) и Реј Катлер (го игра Шоволтер)
Поли (ја игра Питерс) и Реј Катлер (го игра Шоволтер)

Синопсис

уреди

Поли (ја игра Питерс) и Реј Катлер (го игра Шоволтер) одат на меден месец на Нијагарините Водопади. Таму ги запознаваат Роуз (ја игра Монро) и Џорџ Лумис (го игра Котен). Џорџ е љубоморен на Роуз, а таа пак има љубовник и со него се договара да го убијат Џорџ. Набргу, таа го пријавува во полицијата исчезнувањето на Џорџ, а кога треба да го потврди идентитетот на жртвата, таа со ужас констатира дека убиениот е нејзиниот љубовник. Роуз ја губи свеста по што е хоспитализирана. Во меѓувреме, Поли и Реј се сместуваат во куќичката која претходно била изнајмена од Џорџ и Роуз. Кога Џорџ влегува во куќарката, Поли сфаќа дека тој е жив, но Реј не ѝ верува. Набргу, Џорџ ја пресретнува Поли при разгледот на водопадите и ѝ објаснува дека убиството го извршил во самоодбрана. Роуз бега од болницата и се обидува да замине во Чикаго, но не може да ја оствари намерата заради полициската блокада. Тогаш, Џорџ ја убива и неа во автобуската станица. Во обидот да побегне на американската страна од заливот, тој грабнува еден мал брод во кој се наоѓа Поли. Меѓутоа, бродот нема гориво, па струјата почнува да го носи кон водопадот. Џорџ намерно го потопува бродот, ја спасува Поли, а бродот во кој се наоѓа тој паѓа низ водопадот. На крајот, полицијата ја извлекува Поли.

Наводи

уреди