Нина Ананиашвили
Нина Ананиашвили (грузиски: ნინო ანანიაშვილი; родена како Нино Ананиашвили на 19 март 1963) е грузиска балерина и уметнички директор на Грузискиот државен балет. Таа била опишана од Дејли Телеграф како една од дванаесетте најдобри балерини на сите времиња,[1] а во 2002 година била прогласена за најдобра балерина на годината од страна на US Dance Magazine. Ананиашвили со децении е истакната танчерка на советската, руската и грузиската балетска сцена. Непосредно пред падот на Железната завеса, во 1987 година, еден критичар на списанието Њујорк ја пофалил како „најдоброто нешто во бољшојскиот Жизел, без разлика дали таа се појавува во главната улога или како кралицата на вилите“.[2] Во 2014 година, била објавена снимка од нејзиниот танц во Жизел од 1991 година со Бољшојскиот балет.[3]
Нина Ананиашвили
| |
---|---|
Родена | ნინო ანანიაშვილი Нино Ананиашвили 19 март, 1963 |
Занимање | Балерина |
Период | 1981–денес |
Сопруг | Григол Вашаѕе (1988–денес) |
Деца | 2 |
Кариера | |
Дел од | Грузиски државен балет |
Поранешни театри | Бољшојски балет Американски балетански театар Хјустонски балет |
Базирана во | Тбилиси, Грузија |
Ран живот
уредиНина Ананиашвили била родена во Тбилиси, Грузиска ССР. Нејзиниот татко, Гедеван, и двајцата постари браќа, Џорџ и Леван, биле геолози; а нејзината мајка Лиа Гоголашвили била филолог. Таа била болно дете и на 4-годишна возраст нејзините родители ја запишале за курс по лизгање на мраз во обид да го подобрат нејзиното здравје. На 10 години таа станала шампионка во нејзината возрасна група во Грузија.
Кога еден наставничка по танц видела како се движи по мразот - особено нејзината рамнотежа и како ги користела рацете - ја убедила да го изведе Лебедот на умирање на лизгалки. Потоа учителката ја однела Нина во театар и ѝ го покажала костимот со пердуви што би можела да го носи ако го изведе на сцената, исто како Маја Плисецка, примабалерината на Бољшојскиот театар.
Во 1969 година, Ананиашвили ги започнала своите студии на Грузискиот државен кореографски институт, каде нејзиниот прв учител била Тамара Виходцева, а познатиот Вактанг Чабукиани ја зел под своја закрила. Нејзиниот напредок бил толку импресивен што го привлекол вниманието на наставниците од Московскиот кореографски институт, кои ги убедиле нејзините родители да ѝ дозволат на Нина да ги продолжи студиите таму. Во 1976 година, таа ги започнала своите студии во Московскиот кореографски институт каде нејзин главен учител била Наталија Золотова. Во 1980 година, таа го направила своето деби на сцената во училишна продукција на Копелија. Дипломирала и станала дел од Бољшојскиот театар во 1981 година.
Балетанска кариера
уредиВо Бољшојскиот театар, Нина ја учеле двајца од најголемите учители во Советскиот Сојуз, Раиса Стручкова и Марина Семенова. Во 1982 година, иако сè уште била член на корпусот, таа ја танцуваше својата прва главна улога со компанијата, како Одета/Одила во Лебедово езеро, за време на турнејата низ Германија. Таа година, таа го направила својот прв настап со странска балетска компанија, Алберта Балет од Канада. Во 1983 година била унапредена во чинот солист и за прв пат настапувала во родниот Тбилиси како професионалец. По кратко време таа станала примабалерина. Таа, заедно со Андрис Лиепа, била првата советска танчерка која се појавила како гостин изведувач со Њујоршкиот балет во 1988 година (таа танцувала во „Рајмонда варијации“, „Аполо“ и „Симфонија во Це-дур“). Во текот на наредните неколку години, Нина Ананиашвили станала меѓународна балетска суперѕвезда. Ананиашвили, исто така, ја имала честа да биде првата советска балерина која настапила со Кралскиот дански балет, а за особен триумф се сметало тоа што танцувало во дела како што се Ла Силфида и Наполи, од данскиот мајстор Август Бурнонвил, кој се смета за национално богатство од многумина.
За време на нејзината кариера настапувала во многу балетски театри во различни земји (на повеќето места настапувала како гостин уметник), и тоа: Бугарија, Данска, Аргентина, Финска, Грузија, Германија, Унгарија Италија, Јапонија, Монако, Норвешка, Португалија, Русија, Србија, Шведска, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Во 1986 година, по долг интервал предизвикан од напнатост во меѓународните односи, на бољшојските танчери им било дозволено уште еднаш да го обиколат Западот. Лондонската изведба на Рајмонда на Ананиашвили била пречекана со воодушевување и од јавноста и од критичарите. Таа година била пресвртница во нејзината кариера. Ананиашвили добила дозвола да прифаќа покани за гостувања надвор од Советскиот Сојуз почнувајќи од 1986 година благодарение на новата политика водена од Михаил Горбачов.
Таа успешно настапила во неколку натпревари: во 1980 година го освоила златниот медал во јуниорската група на 10-тиот Меѓународен балетски натпревар во Варна, Бугарија; во 1981 година таа и Андрис Лиепа освоиле Гран-При во јуниорската група на 4-тиот Меѓународен балетски натпревар во Москва (Андрис Лиепа таму го добил златниот медал). Во 1985 година го освоила златниот медал во сениорската група на 5-тиот Меѓународен балетски натпревар во Москва; во 1986 година, таа и Андрис Лиепа биле наградени со Гран-При на 3-от Меѓународен балетски натпревар на САД во Џексон, Мисисипи, САД.
Таа станала главна танчерка за Американскиот балетски театар во 1993 година, а во 1999 година се приклучи на Хјустоновиот балет со истиот ранг. Таа го имала своето деби со Бостонскиот балет во руско-американската продукција на Лебедово езеро на истата компанија. Успешниот стил и реткиот драмски талент ја претвориле Нина Ананиашвили во една од најпознатите танчерки на модерното време. Ветувајќи поддршка од владата, новоименуваниот грузиски претседател Михаил Саакашвили побарал од Ананиашвили да ја обнови компанијата во обид да ја зајакне националната гордост. Таа се согласила и ја напуштила Русија (и Бољшојскиот балет), за да се врати во Тбилиси.
Почнувајќи од септември 2004 година, таа е уметнички директор на Националниот балетски ансамбл на Грузија. Привлекувајќи помош од многу поранешни колеги и додавајќи многу на репертоарот на компанијата, Ананиашвили во голема мера го ревитализирала Државниот балет.[4] Од 2006 година, таа дејствува како национален амбасадор на добра волја на Обединетите нации за милениумски развојни цели.[5]
Личен живот
уредиАнаниашвили се омажила во 1988 година за Григол Вашаѕе, грузиски дипломат. Тие имаат една ќерка - Елена.
На 23 ноември 2006 година таа станала кума на Николоз Саакашвили, помладиот син на грузискиот претседател Михаил Саакашвили, заедно со украинскиот претседател Виктор Јушченко кој стана кум на детето.[6]
Награди и признанија
уреди- Почесен уметник на РСФСР (3 ноември 1986 година)
- Народен уметник на Грузиската ССР (1989)[1]
- Руската независна национална награда „Триумф“ (прв пат била почестена танчерка), 1991 година
- Национална награда „Шота Руставели", Грузија, 1993 година.
- Народен уметник на Руската Федерација (17 март 1995) - за големи заслуги во областа на уметноста[7]
- Орден „За заслуги кон татковината“ IV степен (22 март 2001) - за голем придонес во развојот на националната музичка и театарска уметност[8]
- Орден на честа (Грузија, 22 јануари 2003 година)[9]
- Награда на списанието „Балет“ Soul of the Dance (категорија Кралица на танцот), 2003 година
- Претседателски орден на светлината (Грузија, 26 мај 2010 година)[10]
- Командант на Орденот на Ѕвездата на Италија (Италија, 12 октомври 2010 година)[11]
- Орден на изгрејсонцето (Јапонија, 2017)[12]
Филмографија
уредиДокументарни филмови
уреди- 1989 година - Нина Ананиашвили и Андрис Лиепа - „Толку мала возраст...“ - 1989 година, 57 мин., режисери: Н. Воронова, С. Вишегородцев
- 1989 година - „To the Limit“[13] - документарен филм од IMAX, 1989 година, 35 мин., во режија на: Мајк Хувер, Грег МекГиливреј и Дерек Гарт
- 2003 година - „Ден пред изведбата“ - документарен филм, 2003 година, 39 мин., режисер: Никита Тихонов
- 2008 година - "Виват, Нина, Виват!" — документарен филм, 2008 година, 39 мин., режисер: Никита Тихонов
Наводи
уреди- ↑ „12 of the greatest ballerinas of all time“. 8 December 2015. Посетено на 10 June 2018.
- ↑ New York Magazine, 3 Aug 1987. ISSN 0028-7369
- ↑ Monahan, Mark (17 December 2014). „The Bolshoi on DVD: 'a garden of delights for lovers of ballet'“. Посетено на 10 June 2018.
- ↑ Tbilisi National Opera and Ballet House Архивирано на 7 февруари 2012 г. Retrieved on May 21, 2007.
- ↑ UN Goodwill Ambassadors in Georgia: Nina Ananiashvili. United Nations Country Team in Georgia. Accessed April 10, 2011
- ↑ Rose Revolution 3rd Anniversary Promises. Архивирано на 24 септември 2015 г. The Georgian Times. November 29, 2006. Retrieved on May 21, 2007.
- ↑ Почётное звание присвоено указом президента России № 284 от 17 марта 1995 года[мртва врска]
- ↑ Указ Президента РФ от 22 марта 2001 г. № 325 Архивирано на 5 јануари 2012 г.
- ↑ Дама стала кавалером грузинского ордена чести
- ↑ Саакашвили вручил ордена деятелям культуры, чиновникам, военным и бизнесменам Архивирано на 8 јуни 2010 г.
- ↑ „Le onorificenze della Repubblica Italiana“. Архивирано од изворникот на 2020-07-04. Посетено на 2020-07-04. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Граждане России награждены японским орденом Восходящего солнца
- ↑
- To the Limit на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Надворешни врски
уреди- Her long biography and repertoire
- Nina in Giselle Архивирано на 4 февруари 2006 г.
- Nina in Don Quixote
- The Ballerina Gallery – Nina Ananiashvili
- Archival footage of Nina Ananiashvili and Principles of the Bolshoi Ballet performing Charms of Mannerism in 1999 at Jacob's Pillow
- Archival footage of Nina Ananiashvili and the State Ballet of Georgia performing Thais Pas de Deux in 2010 at Jacob's Pillow