Претседател на Грузија
Претседател на Грузија (грузиски: საქართველოს პრეზიდენტი) — уставен претседател на државата Грузија, како и врховен командант на одбранбените сили. Претседателот ја претставува Грузија во надворешни односи со другите земји. Уставот го дефинира Кабинетот на претседателот како „гаранција за единството земјата и нејзината национална независност“.
Претседател на Грузија
საქართველოს პრეზიდენტი | |
---|---|
Назначувач | Непосредни народни избори, Изборен колегиум (Од 2024) |
Мандат | Шест години (само од 2018 до 2024) Пет години (од 2024 натаму) |
Основачки документ | Устав на Грузија |
Претходник | Претседател на Уставотворното Народно собрание |
Создадена | 14 април 1991 |
Прв функционер | Звиад Гамсакурдиа |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Улогата на претседателот е главно церемонијална, како и во другите парламентарни демократии. Премиерот е шеф на владата. Кабинетот за првпат бил воведен од Врховниот совет на Република Грузија на 14 април 1991 година, пет дена по прогласувањето на независноста на Грузија од Советскиот Сојуз. Претседателот има петогодишен мандат.
Квалификации
уредиЗа претседател на Грузија може да биде избран секој/а граѓанин/граѓанка на Грузија, кој/а има право на глас, кој/а има наполнето 40 години од својот живот, и кој/а живеел/а во Грузија најмалку 15 години. Кабинетот не може да го држи државјанин/државјанка кој/а е истовремено и државјанин/државјанка на друга земја. Претседателот на Грузија не може да биде член/ка на политичка партија.
Избор
уредиСпоред грузискиот устав од 2018 година, почнувајќи од 2024 година, претседателот ќе се избира со мандат од пет години од страна на 300-члениот Изборен колегиум, кој ќе се состои од сите членови на Парламентот на Грузија и врвните претставнички тела на автономните републики Абхазија и Аџарија, како и од членовите на претставничките тела на локалните власти (општините). Истото лице може да биде избрано за претседател на Грузија само двапати. Најмалку 30 членови на Изборниот колегиум ќе имаат право да именуваат кандидат/ка за претседател на Грузија. Собранието го именува изборот на претседател на Грузија за октомври.
Отповикување
уредиНајмалку една третина од вкупниот број на членови на Собранието има право да постави прашање за отповикување на претседателот на Грузија. Претседателот би се сметал/а за отповикан/а, ако одлуката биде поддржана од најмалку две третини од пратениците. Постапката за отповикување на претседателот е уставно забранета при вонредни или воена состојба.
Уставни овластувања и дожности
уреди1. Претседателот на Грузија:
a) Со согласност со Владата, има претставнички овластувања во надворешните односи, во преговори со други држави и меѓународни организации, да склучува меѓународни договори, да прифаќа акредитација на амбасадори и други дипломатски претставници на странски држави и меѓународни организации; по совет на владата, да ги именува и разрешува амбасадорите и другите шефови на дипломатските мисии на Грузија;
б) Да склопува уставен договор со Апостолската автокефална православна црква на Грузија во име на државата Грузија;
в) Да распишува избори во Собранието и органите на локалната самоуправа во согласност со уставот и постапките утврдени со закон;
г) На предлог на владата, да ги именува и разрешува командантите на грузиските одбранбени сили; да назначува еден член на Високиот совет за правда; да учествува во именување на претседател и членови на Централната изборна комисија на Грузија, во случаи определени со закон и во согласност со утврдените постапки; на предлог на владата да доставува до Собранието кандидати за членство во националните регулаторни тела;
д) Да одлучува по прашањата за државјанство, во согласност со постапките утврдени со закон;
ѓ) Има право да помилува затвореници;
е) Во согласност со постапките утврдени со законот, да доделува државни награди, да доделува највисоки воени чинови, специјални чинови и почесни титули; и највисоки дипломатски звања;
ж) Има право да на предлог на владата и во согласност со Парламентот да ја суспендира работата на претставнички тела на територијални единици или да го распушти таковиот орган, ако неговите акции ја загрозуваат независноста или територијалниот интегритет на земјата, или остварување на уставните овластувања од страна на државните органи;
з) има право и на други овластувања утврдени со Уставот.
- Претседателот на Грузија има право да се распишува референдум за прашања утврдени со Уставот и законот, по барање на Парламентот на Грузија, Владата на Грузија, или најмалку од 200 000 гласачи, во рок од 30 дена по примање на таквото барање. Референдумот не се распишува со цел ако треба да се донесе или укине закон, за амнестија или помилување, за ратификација или откажување на меѓународни договори или одлуки по прашања кои предвидуваат ограничување на основните уставни човекови права. Прашањата поврзани со распишување и спроведување на референдум се утврдуваат со органски закон.
- Претседателот на Грузија има право да му се обрати на народот. Претседателот поднесува годишен извештај до Собранието за клучни прашања поврзани за државата.
Заклетва
уредиПред преземањето на должноста, третата недела по изборите, новоизбраниот/та претседател на Грузија треба да се обрати на народот и да положи заклетва:
" | მე, ( პრეზიდენტი, ღვთისა და ერის წინაშე ვფიცავ, რომ დავიცავ (კონსტიტუციას, ქვეყნის დამოუკიდებლობას, ერთიანობასა და განუყოფლობას, კეთილსინდისიერად აღვასრულებ პრეზიდენტის მოვალეობას, ვიზრუნებ ჩემი ქვეყნის მოქალაქეთა უსაფრთხოებისა და კეთილდღეობისათვის, ხალხისა და ჩემი და მამულის აღორძინებისა ძლევამოსილებისათვის. | " |
" | Јас, претседателот на Грузија, свечено потврдувам пред Бога и народот, дека ќе го поддржувам и бранам Уставот на Грузија, независноста, единството и неделивоста на земјата; дека верно ќе ја извршувам должноста на претседател, дека ќе се грижам за безбедноста и благосостојбата на граѓаните на мојата земја и за оживување на моќта на мојот народ и татковината. | " |
Имунитет
уредиПретседателот ужива имунитет. Во текот на својот мандат не може да биде уапсен, и за него не може да се покрене кривична постапка. Во случај да претседателот на Грузија не може да ја врши својата должност, или во случај на предвремен престанок на мандатот на претседателот, претседателот на Собранието ги врши должностите на претседателот на Грузија. Безбедноста на претседателот на Грузија ја обезбедува Специјалната служба за државна заштита.[1]
Стандард
уредиСтандардот е прилагоден на државното знаме на Грузија, кој во средиштето го има грбот на Грузија. Копии од стандардите се користат во кабинетот на претседателот, во зградата на кабинетот, во другите државни агенции, и како знаменца на автомобили кои го носат претседателот на територијата на Грузија.
Историја на кабинетот
уредиПо формалното отцепување на Грузија на 9 април 1991 година од Советскиот Сојуз, Врховниот Совет на 14 април изгласал формирање на кабинет на извршниот претседател. За оваа должност бил назначен Звиад Гамсакурдиа, која требал да ја врши до одржувањето на непосредни избори. На националните избори за оваа функција, на 26 мај 1991 година, победил Звиад Гамсакурдиа со што станал првиот претседател на Република Грузија. Звиад Гамсакурдиа бил симнат од власт со воен удар во јануари 1992 година. Тој продолжил да функционира како претседател во егзил, сè до неговата смрт по неуспешниот обид да ја поврати власта во декември 1993 година.
Во отсуство на легитимна власт по воениот удар, на 10 март 1992 година била воведена позицијата шеф на државата, а на таа позиција бил ставен Едвард Шеварднадзе. По донесувањето на новиот Устав на 24 август 1995 година, местото на претседател било повторно воспоставено. Шеварднадзе бил избран за претседател на 5 ноември 1995 година, а и на следните избори, на 9 април 2000 година, тој бил повторно избран. Оставката ја поднел под притисок на масовните демонстрации познати и како Револуција на розите на 23 ноември 2003 година. По краток мандат на Нина Бурјанадзе како вршител на должноста на претседател, на 4 јануари 2004 година бил избран Михаил Саакашвили. Тој не го завршил својот прв мандат, туку доброволно дал оставка, за да ги смири тензиите по грузиските демонстрации во 2007 година. Сакашвили бил повторно избран на 5 јануари 2008 година. Уставната моќ на претседателот била доста ограничена во корист на премиерот и претседателот на парламентот во серија на измени и дополнувања на закони донесени помеѓу 2013 и 2018 година. По изборот на Гиорги Маргвелашвили за претседател, во октомври 2013 години, Грузија ја завршила својата транзиција во парламентарна република. Во ноември 2018 година, Саломе Зурабишвили била избрана за беше прва жена претседател на Грузија во постојан капацитет, и според новиот Устав е последен претседател избрана со директно гласање. Со овие промени, таа ќе биде претседателка шест години.[2]
Список на претседатели на Грузија
уредиНаводи
уреди- ↑ ArtMedia. „საქართველოს სახელმწიფო დაცვის სპეციალური სამსახური“. ssps.gov.ge. Посетено на 2019-04-18.
- ↑ „Civil.Ge | Key Points of Newly Adopted Constitution“. old.civil.ge. Посетено на 2019-04-18.