Никче Перов Павчев ( 1919 во Бањане, Скопско1944 во Црешево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Никче Павчев
Роден 1919 година
Бањане, Скопје, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Црешево, Скопје, Македонија
Почивалиште Гробиштата во Бањане
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Никче Павчев

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство и успеал да заврши само основно училиште. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Служел во бившата југословенска војска и имал чин наредник. Неговото село го помагал Првиот скопски партизански одред. Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во септември 1944 година на овој терен, стапил во нејзините редови. Станал командир на вод и се покажал како способен старешина. Со водот и својот баталјон водел борби против балистите на билото на Скопска Црна Гора и со успех го задржувал напредувањето на балистичките банди да продрат во селата на Скопска Црна Гора. Во една од борбите кај селото Црешево, загинал во месноста Бошево, во октомври 1944 година. Неговите останки биле пренесени и закопани во селските гробишта во Бањане.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 228. На |first= му недостасува |last= (help)