Никола Јуруков

Никола Јуруков ( 1880 во Лобаница, Костурско26 април 1923во Софија, Бугарија) — македонски револуционер на ВМРО, раководител на македонските федералисти и редактор на весникот Автономна Македонија (1920-1922).[1]

Никола Јуруков
Nikola Yurukov IMARO Labanitsa.JPG
Роден 1880 година
Лобаница, Костурско, Егејска Македонија, дел од Отоманска Империја
Починал 26 април, 1923 година
Софија, Бугарија
Убиен од страна на ВМРО (Автономистичка)

ЖивотописУреди

 
Корицата на Уставот на МФРО.

Никола по професија бил архитект. Во национално ослободителната борба на македонскиот народ се вклучил во 1913 година. Бил претседател на Костурското братство во Софија. Со свои лични средства ја финансирал Македонската Федеративна Организација во која бил раководен деец. Бил нејзин заграничен претставник во Женева, каде што ја претставувал организацијата пред Друштвото на народите.[2]

Бил убиен во некоја кафана во Софија, по наредба на Тодор Александров, а за физички извршител на неговото убиство се смета дека бил четникот Стефан Каркалашов од Богданци.[2][3]

НаводиУреди

  1. Литовски, Александар. Jубилеен календар од егејскиот дел на Македонија во 2010. Организација на Македонците-потомци од Егејскиот дел на Македонија – Битола и Здружение на сетинци, попадинци и крушорадци от Лерин во Македонија. стр. 20. ISBN 9989-9986-3-9. Посетено на 23 декември 2013 г. no-break space character во |publisher= во положба 67 (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 130. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 331. ISBN 323.285.497.3 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).

Надворешни врскиУреди