Нептунов тројанец
Нептунови тројанци — тела во орбита околу Сонцето близу една од стабилните Лагранжови точки на Нептун, сличмо ма тројанците на другите планети. Имаат приближно ист орбитален период како Нептун и приближно ја следат неговата патека. Познати се 22 Нептунови тројанци, од кои 19 кружат околу сончево–нептунската Лагранжова точка L4, 60° пред Нептун,[1] а три вртат околу Нептуновото L5-подрачје 60° зад планетата.[1]
Нептунови тројанци (избор) · 2001 QR322 · 2005 TN53 · 2007 VL305 | Плутина · Плутон · Орк · Иксион |
Откривањето на 2005 TN53 во високонаклонета (>25°) орбита е значајно, бидејќи го открива присуството на густ облак од тројанци[2] (Јупитеровиte тројанци имаат наклон до 40°[3]), што укажува на зафат со замрзнување наместо образување на самото место или со судири.[2] Се претпоставува дека големите (≈ 100 км во пречник) облаци од Нептунови тројанци се десеткратно побројни од Јупитеровите.[4][5]
Во 2010 г. е објавено откривањето на првиот Нептунов тројанец во L5 — 2008 LC18.[6] Следечкото L5-подрачје на планетата денес е многу тешко се набљудување бидејќи лежи во видна линија на средиштето на Млечниот Пат, каде небото е преполно со ѕвезди.
Откривање и истражување
уредиВо 2001 г. е откриен првиот Нептунов тројанец — 2001 QR322 — близу L4-подрачјето на Нептун, со што станал петтиот[б 1] познат стабилен содржател на мали тела во Сончевиот Систем. Во 2005 г. откривањето на високонаклонетиот тројанец 2005 TN53 довело до мислење дека Нептуновите тројанци населуваат густи облаци, ограничувајќи го можносто потекло на истите.
На 12 август 2010 г. е пронајден првиот тројанец во L5 — 2008 LC18.[6] Откриен е со вршење на макотрпно прегледување на подрачјата каде светлината на ѕвездите близу Галактичкото Средиште е прикриена од правливи облаци.[7] Ова упатува на тоа дека големите L5-тројанци се подеднакво застапени како големите L4-тројанци до извесен степен на несигурност,[7] што уште повеќе ги ограничуваат моделите за нивниот настанок.
Динамика и потекло
уредиОрбитите на Нептуновите тројанци се мошне стабилни; Нептун може да има задржано преку 50 % од првобитното попреселбено тројанско население во животниот век на Сончевиот Систем.[2] Неговата L5 може подеднакво да вдоми стабилни тројанци како и L4.[8] Нептуновите тројанци можат да либрираат до 30° од нивните Лагранжови точки во период од 10.000 години.[7] Оние кои застрануваат влегуваат во орбити слични на кентаурските.[8] Иако Нептун сега не може да зафаќа стабилни тројанци,[2] приближно 2,8 % од кентаурите на растојание од 34 ае се сметаат за негови коорбиталци. Од нив, 54 % се во потковичести орбити, 10 % се квазимесечини, а 36 % се тројанци (рамномерно поделени меѓу групите L4 и L5).[9]
Неочекуваните високонаклонети тројанци се клучни за осознавање на потеклото и развојот на населението во целина.[8] Постоењето на високонаклонети Нептунови тројанци укажува на зафат за време на планетарната преселба наместо образба на самото место или со судири.[2][7] Проценетиот подеднаков број на големи L5- и L4-тројанци вели дека немало отпор од гас при зафатот и упатува на заеднички зафатен механизам за тројанците од L4 и L5.[7] Зафатот на Нептунови тројанци при преселбата на планетите се одвива во процес сличен на безредното зафаќање на Јупитеровите тројанци во Ничкиот модел. Кога Уран и Нептун се блиску, но не во среднодвижечка резонанца, местата каде Уран го одминува Нептун можат да кружат со период кој е во резонанца со либрациските периоди на Нептуновите тројанци. Ова доведува до зачестени растројувања кои ја зголемуваат либрацијата на постоечките тројанци, предизвикувајќи нестабилност во нивните орбити.[10] Овој процес може да биде и обратен, јавувајќи се при зафат на нови тројанци со продолжувањето на планетарната преселба.[11] За високонаклонетите тројанци да можат да се зафатат, преселбата мора да била бавна,[12] или да го стекнале нивниот наклон претходно.[13]
Бои
уредиПрвите четири откриени Нептунови тројанци имаат слични бои.[2] Тие се претежно црвени, малку поцрвени од сивите тела од Кајперовиот Појас, но не толку црвени како високоперихелските студени кубевана.[2] Ова е слично на боите во сината шуплина на кентаурската бојна распределба, Јупитеровите тројанци, неправилните сателити на гасовитите џинјови, а можеби и на кометите, што доследно одговара на сличното потекло на овие населенија од мали тела во Сончевиот Систем.[2]
Нептуновите тројанци се пребледи за добро спектроскопско набљудување со денешната технологија, што значи дека забележаните бои можат впрочем да претставуваат најразлични површински состави.[2]
Именување
уредиВо 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) усвоил ново имиња Нептуновите тројанци, кои се водат според амазонките, без да се прави разлика дали се во L4 или L5.[14] Амазонките биле воинствено племе сочинето исклучиво од жени ко е се борело во Тројанската војна на страна на Тројанците, а против Грците. Во 2019 г. именувани Нептунови тројанци биле 385571 Отрера (по Отрера, првата кралица на амазонките од старогрчката митологија) и Клета (амазонка и прислужничка на кралицата Пентесилеја, која ги повела амазонките во Тројанската војна).[15][16]
Членови
уредиБројот на набљудувани високонаклонети Нептунови тројанци е доста мал,[2] но се смета дека тие всушност се четирипати побројни од нисконаклонетите.[2] Претпоставувајќи албедо од 0,05, се очекува дека во Нептуновата L4 постојат 400+250
−200 тројанци со полупречници над 40 км.[2] Од ова би се заклучило дека големите Нептунови тројанци се 5 до 20 пати побројни од Јупитеровите, зависно од нивните албеда.[2] Има релативно помалку помали Нептунови тројанци, што може да се должи на тоа што тие лесно се распарчуваат.[2] Големите L5-тројанци веројатно се рамнобројни на големите L4-тројанци.[7]
2001 QR322 и 2008 LC18 покажуваат значајна динамичка нестабилност.[8] Ова значи дека тие може да се зафатени по планетарната преселба, но може и да се долготрајни членови кои едноставно не се сосема динамички стабилни.[8]
Во февруари 2020 г. се знаело а 29 Нептунови тројанци, од кои 24 кружат близу Лагранжовата точка L4 во Сонце-Нептун, 60° пред Нептун,[1] четири се близу Нептуновото L5-подрачје 60° зад него, а една кружи на спротивната страна на Неотун(L3). но често си ја менува местопложбата во однос на него, на точките L4 и L5.[1] Овие се наведени на следнава табела, која е изведена од списокот на нептунови тројанци на Центарот за мали планети при МАС[1] а со пречници преземени од трудот на Шепард и Трухиљо посветен на 2008 LC18,[7] освен ако не е поинаку наведено.
Име | Привр. ознака |
Лагр. точка |
q (ае) | Q (ае) | i (°) | Апс. вел. | Пречник (км) |
Година на откривање |
Белешки | ЦМП |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2001 QR322 | L4 | 29,404 | 31,011 | 1,3 | 8,2 | ~140 | 2001 | првиот откриен Нептунов тројанец | ЦМП | |
2004 KV18 | L5 | 24,553 | 35,851 | 13,6 | 8,9 | 56[17] | 2011 | привремен Нептунов тројанец | ЦМП | |
385571 Отрера | 2004 UP10 | L4 | 29,318 | 30,942 | 1,4 | 8,8 | ~100 | 2004 | првиот со број и име | ЦМП |
2005 TN53 | L4 | 28,092 | 32,162 | 25,0 | 9,0 | ~80 | 2005 | првиот откриен високонаклонет тројанец[2] | ЦМП | |
385695 Клета | 2005 TO74 | L4 | 28,469 | 31,771 | 5,3 | 8,5 | ~100 | 2005 | — | ЦМП |
2006 RJ103 | L4 | 29,077 | 31,014 | 8,2 | 7,5 | ~180 | 2006 | — | ЦМП | |
(527604) 2007 VL305 | L4 | 28,130 | 32,028 | 28,1 | 8,0 | ~160 | 2007 | — | ЦМП | |
2008 LC18 | L5 | 27,365 | 32,479 | 27,6 | 8,4 | ~100 | 2008 | првиот откриен L5-тројанец[7] | ЦМП | |
(316179) 2010 EN65 | L3 | 21,109 | 40,613 | 19,2 | 6,9 | ~200 | 2010 | скокачки тројанец | ЦМП | |
2010 TS191 | L4 | 28,608 | 31,253 | 6,6 | 8,1 | ~120 | 2016 | 31 мај 2016 | ЦМП | |
2010 TT191 | L4 | 27,913 | 32,189 | 4,3 | 8,0 | ~130 | 2016 | 31 мај 2016 | ЦМП | |
2011 HM102 | L5 | 27,662 | 32,455 | 29,4 | 8,1 | 90–180[18] | 2012 | — | ЦМП | |
(530664) 2011 SO277 | L4 | 29,622 | 30,503 | 9,6 | 7,7 | ~140 | 2016 | 31 мај 2016 | ЦМП | |
(530930) 2011 WG157 | L4 | 29,064 | 30,878 | 22,3 | 7,1 | ~170 | 2016 | 31 мај 2016 | ЦМП | |
2012 UV177 | L4 | 27,806 | 32,259 | 20,8 | 9,2 | ~80[19] | 2014 | — | ЦМП | |
2012 UD185 | L4 | 28,794 | 31,538 | 28,4 | 7,6 | ~180 | 2019 | — | ЦМП | |
2013 KY18 | L5 | 26,624 | 34,084 | 6,6 | 6,8 | ~200 | 2016 | 31 мај 2016, неизвесна стабилност | ЦМП | |
2013 RL124 | L4 | 29,366 | 30,783 | 10,1 | 8,8 | ~100 | 2020 | 4 февруари 2020 | ЦМП | |
2013 TZ187 | L4 | 28,092 | 32,135 | 13,1 | 8,0 | ~150 | 2020 | 4 февруари 2020 | ЦМП | |
2013 VX30 | L4 | 27,563 | 32,525 | 31,3 | 8,2 | ~140 | 2018 | — | ЦМП | |
2014 QO441 | L4 | 26,961 | 33,215 | 18,8 | 8,3 | ~130[19] | 2014 | најзанесен стабилен Нептунов тројанец [20] | ЦМП | |
2014 QP441 | L4 | 28,137 | 31,971 | 19,4 | 9,3 | ~80 | 2015 | — | ЦМП | |
2014 RO74 | L4 | 28,426 | 31,614 | 29,5 | 8,4 | ~120 | 2020 | 4 февруари 2020 | ЦМП | |
2014 SC374 | L4 | 27,038 | 33,060 | 33,7 | 8,2 | ~140 | 2020 | 4 февруари 2020 | ЦМП | |
2014 UU240 | L4 | 28,661 | 31,457 | 35,8 | 8,1 | ~140 | 2018 | — | ЦМП | |
2015 RW277 | L4 | 27,742 | 32,236 | 30,8 | 10,2 | ~50 | 2018 | 1 октомври 2018 | ЦМП | |
2015 VV165 | L4 | 27,513 | 32,497 | 16,9 | 8,8 | ~90 | 2018 | 1 октомври 2018 | ЦМП | |
2015 VW165 | L4 | 28,488 | 31,488 | 5,0 | 8,1 | ~130 | 2018 | 1 октомври 2018 | ЦМП | |
2015 VX165 | L4 | 27,612 | 32,327 | 17,2 | 8,9 | ~90 | 2018 | 1 октомври 2018 | ЦМП |
2005 TN74[21] и (309239) 2007 RW10[22] се сметале за Нептунови тројанци при нивното откривање, но подоцна е заклучено дека не се. За 2005 TN74 се сммета дека е во резонанца 3:5 со Нептун.[23] (309239) 2007 RW10 тековно следи квазимесечинска јамка околу Нептун.[24]
Поврзано
уреди- Нички модел
- (309239) 2007 RW10 — привремена квазимесечина на Нептун.
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „List Of Neptune Trojans“. Minor Planet Center. Архивирано од изворникот 25 мај 2012. Посетено на 9 август 2012.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 Sheppard, Scott S.; Trujillo, Chadwick A. (јуни 2006). „A Thick Cloud of Neptune Trojans and Their Colors“ (PDF). Science. 313 (5786): 511–514. Bibcode:2006Sci...313..511S. doi:10.1126/science.1127173. PMID 16778021. Архивирано (PDF) од изворникот 16 јули 2010. Посетено на 26 февруари 2008.
- ↑ Jewitt, David C.; Trujillo, Chadwick A.; Luu, Jane X. (2000). „Population and size distribution of small Jovian Trojan asteroids“. The Astronomical Journal. 120 (2): 1140–7. arXiv:astro-ph/0004117. Bibcode:2000AJ....120.1140J. doi:10.1086/301453.
- ↑ E. I. Chiang and Y. Lithwick Neptune Trojans as a Testbed for Planet Formation, The Astrophysical Journal, 628, pp. 520–532 Preprint
- ↑ David Powell (30 јануари 2007). „Neptune May Have Thousands of Escorts“. Space.com. Архивирано од изворникот 15 August 2008. Посетено на 8 март 2007.
- ↑ 6,0 6,1 Scott S. Sheppard (12 август 2010). „Trojan Asteroid Found in Neptune's Trailing Gravitational Stability Zone“. Carnegie Institution of Washington. Архивирано од изворникот 15 август 2010. Посетено на 28 декември 2007.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 Sheppard, Scott S.; Trujillo, Chadwick A. (12 август 2010). „Detection of a Trailing (L5) Neptune Trojan“. Science. AAAS. 329 (5997): 1304. Bibcode:2010Sci...329.1304S. doi:10.1126/science.1189666. PMID 20705814.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Horner, J., Lykawka, P. S., Bannister, M. T., & Francis, P. 2008 LC18: a potentially unstable Neptune Trojan Accepted to appear in Monthly Notices of the Royal Astronomical Society
- ↑ Alexandersen, M.; Gladman, B.; Greenstreet, S.; Kavelaars, J. J.; Petit, J. -M.; Gwyn, S. (2013). „A Uranian Trojan and the Frequency of Temporary Giant-Planet Co-Orbitals“. Science. 341 (6149): 994–997. arXiv:1303.5774. Bibcode:2013Sci...341..994A. doi:10.1126/science.1238072. PMID 23990557.
- ↑ Kortenkamp, Stephen J.; Malhotra, Renu; Michtchenko, Tatiana (2004). „Survival of Trojan-type companions of Neptune during primordial planet migration“. Icarus. 167 (2): 347–359. arXiv:astro-ph/0305572. Bibcode:2004Icar..167..347K. doi:10.1016/j.icarus.2003.09.021.
- ↑ Nesvorný, David; Vokrouhlický, David (2009). „Chaotic Capture of Neptune Trojans“. The Astronomical Journal. 137 (6): 5003–5011. Bibcode:2009AJ....137.5003N. CiteSeerX 10.1.1.693.4387. doi:10.1088/0004-6256/137/6/5003.
- ↑ Gomes, R.; Nesvorny, D. (2016). „Neptune trojan formation during planetary instability and migration“. Astronomy & Astrophysics. 592: A146. Bibcode:2016A&A...592A.146G. doi:10.1051/0004-6361/201527757.
- ↑ Parker, Alex (2015). „The intrinsic Neptune Trojan orbit distribution: Implications for the primordial disk and planet migration“. Icarus. 247: 112–125. arXiv:1409.6735. Bibcode:2015Icar..247..112P. doi:10.1016/j.icarus.2014.09.043.
- ↑ Ticha, J.; и др. (10 април 2018). „DIVISION F / Working Group for Small Body Nomenclature Working Group for Small Body Nomenclature. THE TRIENNIAL REPORT (2015 Sept 1 - 2018 Feb 15)“ (PDF). I. Посетено на 25 август 2018.
- ↑ „385571 Otrera (2004 UP10)“. Minor Planet Center. 30 ноември 2015. Посетено на 4 август 2017.
- ↑ „385695 Clete (2005 TO74)“. Minor Planet Center. 18 мај 2019. Посетено на 10 јуни 2019.
- ↑ „2011-07-28 Tracking News“. www.hohmanntransfer.com. Архивирано од изворникот 31 март 2016. Посетено на 29 April 2018.
- ↑ Parker, Alex (9 октомври 2012). „Citizen "Ice Hunters" help find a Neptune Trojan target for New Horizons“. www.planetary.org/blogs. The Planetary Society. Архивирано од изворникот 1 ноември 2012. Посетено на 2010-07-16.
- ↑ 19,0 19,1 „Conversion of Absolute Magnitude to Diameter“. www.physics.sfasu.edu. Архивирано од изворникот 23 март 2010. Посетено на 29 април 2018.
- ↑ Gerdes, D. W.; Jennings, R. J.; Bernstein, G. M.; Sako, M.; Adams, F.; Goldstein, D.; Kessler, R.; Abbott, T.; Abdalla, F. B.; Allam, S.; Benoit-Lévy, A.; Bertin, E.; Brooks, D.; Buckley-Geer, E.; Burke, D. L.; Capozzi, D.; Rosell, A. Carnero; Kind, M. Carrasco; Carretero, J.; Cunha, C. E.; D'Andrea, C. B.; da Costa, L. N.; DePoy, D. L.; Desai, S.; Dietrich, J. P.; Doel, P.; Eifler, T. F.; Neto, A. Fausti; Flaugher, B.; Frieman, J.; Gaztanaga, E.; Gruen, D.; Gruendl, R. A.; Gutierrez, G.; Honscheid, K.; James, D. J.; Kuehn, K.; Kuropatkin, N.; Lahav, O.; Li, T. S.; Maia, M. A. G.; March, M.; Martini, P.; Miller, C. J.; Miquel, R.; Nichol, R. C.; Nord, B.; Ogando, R.; Plazas, A. A.; Romer, A. K.; Roodman, A.; Sanchez, E.; Santiago, B.; Schubnell, M.; Sevilla-Noarbe, I.; Smith, R. C.; Soares-Santos, M.; Sobreira, F.; Suchyta, E.; Swanson, M. E. C.; Tarlé, G.; Thaler, J.; Walker, A. R.; Wester, W.; Zhang, Y. (28 јануари 2016). „Observation of Two New L4 Neptune Trojans in the Dark Energy Survey Supernova Fields“. The Astronomical Journal. 151 (2): 39. arXiv:1507.05177. Bibcode:2016AJ....151...39G. doi:10.3847/0004-6256/151/2/39.
- ↑ MPEC 2005-U97 : 2005 TN74, 2005 TO74 Minor Planet Center
- ↑ „Distant EKOs, 55“. Архивирано од изворникот 25 мај 2013. Посетено на 24 јули 2012.
- ↑ „Orbit and Astrometry for 05TN74“. www.boulder.swri.edu. Архивирано од изворникот 29 април 2018. Посетено на 29 април 2018.
- ↑ de la Fuente Marcos; de la Fuente Marcos (2012). „(309239) 2007 RW10: a large temporary quasi-satellite of Neptune“. Astronomy and Astrophysics Letters. 545: L9. arXiv:1209.1577. Bibcode:2012A&A...545L...9D. doi:10.1051/0004-6361/201219931.
Надворешни врски
уреди- Horner, J.; Lykawka, P. S. (2010). „Planetary Trojans – the main source of short period comets?“. International Journal of Astrobiology. 9 (4): 227–234. arXiv:1007.2541. Bibcode:2010IJAsB...9..227H. doi:10.1017/S1473550410000212.
- „New Trojan asteroid hints at huge Neptunian cloud“. New Scientist.