Неофит Бабамов
Неофит Бабамов (Кочани, 2 февруари 1909 – Кочани, 19 март 1994) — припадник на работничкото, синдикалното и комунистичкото движење, учесник во НОБ.[1][2]
Животопис
уредиНеофит Бабамов | ||
Роден | 2 февруари 1909 Кочани | |
---|---|---|
Починал | 19 март 1994 Кочани |
Член на СКОЈ од 1929, а на КПЈ од 1938 година. Во 1940 година, бил однесен во логорот Ивањица, а потоа преместен во логорот „Танаско Раиќ“, во Крагуевац. Бил учесник во организирањето на демонстрациите против влегувањето на бугарската војска во Кочани. Раководел со месниот штаб на Комунистичката Партија од април 1942 година. По извршена провала во Месниот комитет во Кочани, тој бил затворен (ноември 1942 - февруари 1943). Учествувал во подготовките на терен за прифаќање на НОПО „Гоце Делчев“. Од март 1944 година тој бил однесен во логорот „Видбол“ (Видин, Бугарија). По капитулацијата на Бугарија, од октомври 1944 година, тој вршел разни должности во заднината на територијата на Брегалничко-струмичката воена област.
Наводи
уреди- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 55. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 110. На
|first=
му недостасува|last=
(help)