Неолитска уметност
Неолит (ново – младо камено време, 12.000 – 3.000. години п.н.е.)
Младото камено време почнува со неолитската револуција на Блискиот Исток (тоа било време на последниот леден период во Европа). Климата северно од Алпите била како сега во Сибир и на Алјаска). Тоа траело повеќе илјади години и почнало околу 8.000 година п.н.е. кога луѓето по првпат успешно ги припитомиле животните и произвеле зрнеста храна. Тоа бил пат на премин од лов кон земјоделство. Номадскиот живот се заменува со седечки. Со новиот начин на живот во трајни селски заедници дошло и до нови пронајдоци: грнчарство, ткаење и предење. Основни модели на градежни конструкции се од дрво,тули и камен. Од овој период познати се остатоци од многу импресивни скулптури на човечки глави строги поединечни обележја – „Јерихонски глави“, околу 7.000 години п.н.е., (череп обложен со обоен гипс со очи од школки).
Луѓето во неолитот верувале во духовите на предците и се верувало дека тие се наоѓаат во главата на човекот, која можела да го надживее телото и да ја задржи моќта над судбината на своите поколенија. Затоа тие требало да ги смируваат тие духови. Сочуваните глави биле „замки за духовите“. Покрај верувањата во духовите на предците постоело и верување во анимизам – во секој предмет постоел дух. Во секодневниот допир со светот на духовите примитивниот човек не се задоволувал само со тоа што ќе врши обреди, туку чувствувал потреба својот однос да го изрази со игри и слични драмски церемонии, ставајќи маски, а таа занесеност трае и до денешни денови.
Неолитскиот град Јерихон, во денешен Јордан, со кемени куќи и поплочени дворови е извонреден пример за висока развиеност на неолитските луѓе. Но одбранбените ѕидини и кули укажуваат на почетокот на судири меѓу луѓето.
Во Европа во тоа време се појавуваат мегалитски споменици направени од големи камени блокови наредени еден врз друг на суво (без малтер), од кои најпознат е Стоунхенџ во Англија. Стоунхенџ се состои од низа кемени блокови наредени кружно со остар во средината. Оријентиран е спрема страната на која се раѓа сонцето на денот на догоденицата (летен сонцестој, 21 јуни)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Неолитска уметност“ на Ризницата ? |
- Neolithic Stone Tools and Artifacts — World Museum of Man Архивирано на 30 април 2008 г.
- Brutal lives of Stone Age Britons
- Vincha Neolithic Script
- EuroPreArt database of European Prehistoric Art
- Lepenski Vir Архивирано на 23 јануари 2020 г.
- Göbekli Tepe, in German Архивирано на 4 јуни 2011 г.
- Nevali Cori Архивирано на 11 март 2014 г.
- Prehistoric Art Expressions from India
- http://witcombe.sbc.edu/ARTHprehistoric.html#general Архивирано на 7 март 2016 г.