Наќе Крстески
Наќе Костадинов Крстески ( 1912 во Малкоец, Кичевско — 8 мај 1944 во Малкоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Во есента 1942 година бил само симпатизер на народно ослободителното движење, а во текот на 1943 година почнал да прибира оружје, да пренесува и да чува позадински работници и служел како врска со поедини реони. Поради таквата активност, балистите го фатиле и стрелале во селото на 8 мај 1944 година.[1]