Националeн парк Кискунсаг
Национален парк Кискунсаг е национален парк сместен во Дунав-Тиса Интерфлув главно во округот Бач-Кискун, Унгарија. Создаден е во 1975 година и УНЕСКО го прогласил за биосферен резерват. Паркот зафаќа површина од 530 kм 2 и се протега низ регионот Мала Куманија (Кискунсаг) на Големата унгарска рамнина.
Националeн парк Кискунсаг | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Површина | 530 kм² |
Воспоставен(а) | 1 јануари 1975 |
Мрежна страница | knp.nemzetipark.gov.hu/ |
Карактеристики
уредиТоа не е единствена територија, туку опфаќа седум различни единици, расфрлани низ целата област.
Еден од нив е Пушта на Кискунсаг каде се одржуваат годишни настани кои го оживуваат стариот овчарски живот и обичаите на сточарството.
Друго е езерото Колон во близина на градот Изак. Познат е по мочуришните желки, чапјите, пространствата од недопрени трски и девет видови орхидеи кои растат во околината. Интересен природен феномен се песочните дини во околината на Филипа. Се вели дека тие се движат под поволни услови на ветер.
Географија
уредиВо алкалните езера на Мала Куманија флора и фауна која е застапена е од посебна вредност. Езерата обезбедуваат привремен дом за десетици илјади птици преселници. Овој орнитолошки рај е и биосферен резерват на УНЕСКО. Езерото Шелид во близина на Калоча, езерото Вадкерт од Шолтвадкерт, езерото Кунфехер и езерото Сос кај Кишкунхалаш се идеални места за капење и кампување.
Во рамките на националниот парк има многу туристички патеки, студиски патеки и видиковци; сето тоа придонесува за уникатно искуство на Кискунсаг. Главниот центар за посетители на Националниот парк Кискунсаг, наречен „Куќа на природата“, се наоѓа во Кечкемет.
Галерија
уреди-
Планински смок(смок)
-
Музеј на отворено воОпустазер