Национален природен резерват Волонг

Националниот природен резерват Волонг, познат и како Специјален административен регион Волонг, е заштитено подрачје сместено во округот Венчуан, провинцијата Сичуан, во Народна Република Кина. Основан е 1963 година со почетна величина од околу 20 000 хектара, резерватот е проширен во 1975 година, покривајќи површина од околу 200.000 хектари во регионот планина Ќунлаи. Во резерватот се забележени преку 4.000 различни видови.[1] Според трето кинеско истраживање џиновските панди, во националниот природен резерват Волонг се смештени околу 150 диви единки на високо загрозени џиновски панди. Резерватот исто така е дом на многу други загрозени видови, вклучувајќи ги: снежните леопарди, црвените панди, златните мајмуни, елените со бели усни (Торолдов елен) и многу драгоцени растенија. Пред катастрофалниот земјотрес во Венчуан 2008 година, Волонг секоја година имал до 200.000 посетители.[2][3] Неговото подрачје го заменува Специјалниот административен регион Волонг.

Национален природен резерват Волонг
Местоокругот Венчуан, провинција Сечуан, Кина Кина
Површина2000 км2
Воспоставен(а)1963. година
Lilium regalia, локален домашен цвет

Историја

уреди

Во јуни 1980 година во Волонг со напори на Светскиот фонд за природа (WWF) и кинеската влада, е основан Кинескиот центар за заштита и истражување на џиновската панда. До денес, истражувачите спроведоа многу истражувачки проекти за одгледување на џиновски панди и успешно одгледаа 66 младенчиња панда.

Локација

уреди
 
Панди

Планинскиот поток поминува низ долината Волонг (каде што е резерватот); потокот е опкружен со карпи и помали заоблени камења. Водите од потокот се прилично алкални со pH ниво од околу 8,91. (Хоган, 2007) Заматеноста на водата е доста голема поради обемното вадење песок и чакал во потокот.[4]

Според истражувањето од 2001 година на д-р Џиангуо Луа од Државниот универзитет Мичиген, стапката на уништување е поголема по создавањето на резерватот отколку пред неговото создавање.[5] Користејќи ги НАСА-овите сателитски снимки и евиденцијата на населението, истражувачкиот тим на Лу заклучил дека поради туризмот и зголемувањето на месното население, резерватот се соочува со невидена закана. „ Туристите не мислат дека имаат влијание врз живеалиштето на пандата, но индиректно секој посетител има одредено влијание“, рече Лу. „Ние не се доживуваме себеси како деструктивна сила, но сме“.[6]

Фауна

уреди

Џиновската панда е најпознат вид во резерватот. Други типични поголеми месојади се узурското диво куче, азиската црна мечка, азиската златна мачка, црвената панда, свинскиот јазовец и жолтогрла куна. Копитасти цицачи претставуваат сечуански такини, диви свињи, мошуски елени, копнени серови, кинески горали, тафтидни елени и самбарскиот елен. Други значајни цицачи вклучуваат мајмуни со златни глави, тибетски макаки, летачки сложнозабни верверички, бамбусни стаорци и бодливикаво прасе.[7] Бидејќи резерватот опфаќа различни надмморски височини, тој вклучува тропска и умерена климатска зона и содржи видови типични за тропските предели, како што се облачени леопарди и елен самбара, како и видови од умерени региони, како што се елен со бели усни, снежен леопард и туркестански рис.[8] Истражувањата со помош на камери спроведени во подрачјето на резеватот помеѓу 2005 и 2009 година не забележал ниту еден леопард.[9]

Земјотрес во 2008 година

уреди
 
Голем број куќи на џиновски панди биле уништени во земјотресот во Сечуан во 2008 година

Регионот, вклучувајќи го Центарот за истражување на панди, во голема мера е уништен од катастрофалниот земјотрес во Сечуан на 12 мај 2008 година, иако првично било објавено дека заробените џиновски панди се безбедни.[10][11] Веднаш по земјотресот, службените лица не биле во можност да контактираат со резерватот.[12] Министерството за надворешни работи на Кина подоцна објавило дека група од 31 британски туристи кои го посетиле резерватот на панди Волонг во подрачјето погодено од земјотресот, се вратиле безбедно и неповредено во главниот град на покраината. Првично не била позната состојбата на пандите во соседните резерви на панди. Во земјотресот загинале пет чувари во резерватот.[13] Шест панди избегале откако им биле оштетени ограничените простори. До 20 мај било утврдено дека две панди се повредени во резерватот, додека траела потрагата по уште две возрасни панди кои исчезнале по земјотресот.[14] До 28 мај 2008 година, сè уште недостасувала една панда,[15] деветгодишната Мао Мао, мајка на пет млади во одгледувачкиот центар. Била откриена во понеделник, на 9 јуни, мртва во ограничениот простор.[16] Чуварите на панди и другите работници ги ставиле нејзините остатоци во мал дрвен сандак и ја погребале пред центарот за одгледување.

Досега гигантските панди беа преместени во базата Бифенгсиа панда, со која управува исто така и Кинескиот центар за заштита и истражување на панди.[17]

Наводи

уреди
  1. „About Wolong“. Wolong National Natural Reserve. May 7, 2005. Архивирано од изворникот на December 1, 2006.
  2. Liu, Wei; Vogt, Christine A.; Luo, Junyan; He, Guangming; Frank, Kenneth A.; Liu, Jianguo (2012-04-25). „Drivers and Socioeconomic Impacts of Tourism Participation in Protected Areas“. PLOS ONE. 7 (4): e35420. doi:10.1371/journal.pone.0035420. ISSN 1932-6203. PMC 3338832. PMID 22558149.
  3. Liu, Wei; Vogt, Christine A.; Lupi, Frank; He, Guangming; Ouyang, Zhiyun; Liu, Jianguo (2016-02-01). „Evolution of tourism in a flagship protected area of China“ (PDF). Journal of Sustainable Tourism. 24 (2): 203–226. doi:10.1080/09669582.2015.1071380. ISSN 0966-9582.
  4. Hogan, C.M., Lumina Tech, Environmental analysis of the Wolong National Nature Reserve (2007)
  5. Liu, Jianuo, Marc Linderman, Zhiyun Ouyang, Li An, Jian Yang, and Hemin Zhang. "Ecological Degradation in Protected Areas: The Case of Wolong Nature Reserve for Giant Pandas." Science 292.5514 (2001): 98-101. Web. February 18, 2016.
  6. (April 6, 2001) Endangered Pandas Not Safe in Chinese Nature Reserve Архивирано на 10 април 2008 г., Environment News Service.
  7. Johnson, Kenneth G.; Wei, Wang; Reid, Donald G.; Jinchu, Hu (August 1993). „Food Habits of Asiatic Leopards (Panthera pardus fusea) in Wolong Reserve, Sichuan, China“. Journal of Mammalogy. 74: 646–650. doi:10.2307/1382285. JSTOR 1382285.
  8. Riley, William; Riley, Laura (2005). Nature´s Strongholds. The World´s Great Wildlife Reserves. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-12219-9.
  9. Li, S., Wang, D., Lu, Z. & Mc Shea, W.J. (2010). „Cats living with pandas: The status of wild felids within giant panda range, China“. Cat News. 52: 20–23.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  10. (May 14, 2008). Pandas International.
  11. (May 13, 2008). Pandas 'safe' at park after quake.
  12. „Report: Rare giant pandas at Chinese breeding center safe after quake“. International Herald Tribune. 2008-05-13. Посетено на May 20, 2008.
  13. Liu, Melinda (2008-05-21). „Animal Instinct“. Newsweek. Архивирано од изворникот на June 14, 2008. Посетено на 2008-06-10.
  14. „Two pandas missing in China quake region“. UPI. 2008-05-20. Архивирано од изворникот на 2008-05-21. Посетено на 2008-05-20.
  15. Associated Press (May 29, 2008). „Panda reserve mulls moving after quake damage“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 2008-05-29.
  16. Yan, Yangtze (2008-06-10). „One panda confirmed dead in China quake“. Window of China. Xinhua News Agency. Посетено на 2008-06-10.
  17. „Wolong National Natural Reserve“. TravelChinaGuide.com.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Користена литература

уреди