Национален ден на Власите
Националниот ден на Власите (влашки: Dzua Natsionalã a Armãnjilor) е национален ден на етничката група на населена низ Балканот, во следните земји: Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија и Србија. Најмногу го слават Власите од различни земји во кои се родени, а исто така и од влашката дијаспора, но многу Власи од Грција не го почитуваат.[1][2]
Национален ден на Власите | |
---|---|
Го празнува(ат) | Власите; официјално во Македонија |
Вид | етнички |
Значење | Денот на објавувањето на признавањето на Власите како Влашки милет |
Датум | 23 мај |
Како што објавиле влашките здруженија и организации во 1991 година,[3][4] денот за одбелеѓување е 23 мај,[5][6][7][8][9] бидејќи тоа бил денот кога било објавено дека Султанот на Отоманската империја Абдул Хамид II го признал Влашкиот Милет еден ден претходно на 22 мај 1905 година. Овој ден за објавување на неговото признавање можеби е избран затоа што се совпаднал со денот на годишнината од тогашната романска декларација за независност.[7] Создавањето на Влашкиот милет било постигнато со помош на Кралството Романија и надворешни сили, особено Австроунгарија и Германската империја, и им дала право на Ароманците да имаат свои цркви и да имаат поголема автономија над образованието.[1][2][7] Поради важноста на самото признание, празникот понекогаш наместо тоа се слави на 22 мај.[1][2]
На националниот ден на Ароманија во 2002 година, романскиот државен секретар Дору Василе Јонеску преку изјава на Универзитетот во Букурешт објавил дека Романија повторно ќе почне да ги поддржува влашките заедници во Албанија, Бугарија и Македонија. Оваа порака била прочитана од романскиот премиер Адријан Настасе. Меѓутоа, на прашањето зошто во пораката не се опфатени и Власите од Грција, Јонеску не одговорил. Се претпоставува дека ова ја претставува желбата на романските власти да не се мешаат повторно во таканареченото влашко прашање,[6] кое предизвикало непријателска борба за влијание врз Власите од страна на Романија и Грција помеѓу крајот на 19-ти и почетокот од 20 век.[7]
Според историчарот Никола Минов, признавањето на Влашкиот милет бил дипломатски пораз за Грција, поради што прогрчките Ароманци одбивале да го прослават денот кој симболизира пораз на нивната перцепирана „татковина“. Друга причина веројатно била фактот дека Влашкиот милет бил основан од турски османлиски султан, поради што неговиот збор не бил широко прифатен или почитуван поради лошите односи меѓу Грција и Турција.[7]
Меѓутоа, во Македонија, празникот е познат како „Национален ден на Власите“ и а функционери како што се поранешниот македонски премиер Никола Груевски[8] и актуелниот претседател на Македонија Стево Пендаровски[9]го честитале празникот. Всушност, тоа е официјален државен празник во Македонија од 2007 година и неработен ден за македонските граѓани од влашка етничка припадност според закон од 2007 година издаден од Министерството за труд и социјална политика на Македонија.[10][3][4]
Понатаму, во Романија, Денот на балканската романизација (романски: Ziua Românității Balcanice) е востановен во 2021 година како празник во земјата што се слави секој 10 мај.[11] Овој ден исто така е наменет да биде празник за Ароманците, но и за Меглено-Романците и Истро-Романците, иако во перспектива овие три народи се романски подгрупи кои живеат јужно од Дунав. Во Денот на балканската романизација, се слави и формирањето на Влашкиот милет, но во овој случај, датумот на празникот се заснова на стариот стил,[12] бидејќи Романија го усвоила Грегоријанскиот календар само во 1919 година.[13] Подоцна во истата година, било предложено и националниот ден на Ароманија да биде одобрен како романски празник кој се слави секој 23 мај. Сепак, Парламентот на Романија го отфрлил ова.[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Kahl, Thede (2002). „The ethnicity of Aromanians after 1990: the identity of a minority that behaves like a majority“. Ethnologia Balkanica. 6: 145–169.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Kahl, Thede (2003). „Aromanians in Greece: Minority or Vlach-speaking Greeks?“ (PDF). Jahrbücher für Geschichte und Kultur Südosteuropas. 5: 205–219.
- ↑ 3,0 3,1 Arsovski, Sasha (23 May 2020). „Национален ден на Власите“. Media Information Agency. Архивирано од изворникот на 23 January 2021.
- ↑ 4,0 4,1 „Национален ден на Власите“. Televizija 24. 23 May 2020.
- ↑ Constantin, Marin (2014). „The ethno-cultural belongingness of Aromanians, Vlachs, Catholics, and Lipovans/Old Believers in Romania and Bulgaria (1990–2012)“ (PDF). Revista Română de Sociologie. Bucharest. 25 (3–4): 255–285.
- ↑ 6,0 6,1 Gica, Alexandru (2009–2011). „The recent history of the Aromanians in Southeast Europe“ (PDF). The Newsletter of the Society Farsharotu. 24–25 (1–2): 1–22.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 „Nikola Minov: Why don't all Aromanians celebrate May 23 as their national day?“. Trâ Armânami Association of French Aromanians. 24 May 2020. Посетено на 27 November 2020.
- ↑ 8,0 8,1 „PM Gruevski congratulates National Day of the Vlachs“. Government of the Republic of North Macedonia. 22 May 2013.
- ↑ 9,0 9,1 Kocovska, Silvana (23 May 2023). „President Pendarovski congratulates Vlach's National Day“. Media Information Agency.
- ↑ „23 мај -Национален ден на Власите“. Government of the Republic of North Macedonia. Посетено на 27 November 2020.
- ↑ „Promulgat de Iohannis: Se instituie Ziua Românității Balcanice pe 10 mai“. Tomis News (романски). 7 June 2021. Архивирано од изворникот на 7 August 2022.
- ↑ Vușcan, Cătălin (13 May 2021). „Ziua Românității Balcanice a fost adoptată de Camera Deputaților. Frații noștri din sud vor fi sărbătoriți, anual, pe 10 mai. Bust la Corcea, Albania, pentru Părintele-martir Haralambie Balamace, ucis de greci cu baionetele pentru că a slujit în română“. ActiveNews (романски).
- ↑ Alexander, Michael (3 April 2019). „Romania: Centenary anniversary of adopting the Gregorian calendar depicted on new silver coins“. Coin Update. Архивирано од изворникот на 2022-11-06. Посетено на 2024-04-21.
- ↑ Florian, Marius (27 September 2021). „DOCUMENT SEPARATIȘTII aromâni, LOVIȚI în Parlament: S-a RESPINS propunerea de consacrare a zilei de 23 mai ca sărbătoare a "comunității"“. Tomis News (романски).