Накие Бајрам (18891962) — македонска учителка од турска националност, социјалистка и борка за женски права.

Животопис

уреди

Накие Бајрам, според исказите на нејзиниот внук, професорот и академик Газанфер Бајрам, потекнува од образовано семејство каде што женската страна се истакнува со решителност и храброст.

Според кажувањата на Роса Плавева, а забележани од Ружа Бак во 1959 година, во периодот меѓу 1907-1908 година е основано „Здружение на Турчинки“ во која зеле учество околу 50 жени сопруги на офицери од турската војска. Под влијание на Младотурската револуција од 1908, Здружението одржува седница во куќата на Роса Плавева каде се подготвува за јавно одбулување на муслиманските жени со паролата „Доста веќе црнила на очите, треба да живееме како и сите други жени на светот“. На собирот учествува и Накие Бајрам. Собирот е откриен и брутално прекинат од страна на власта и офицерите, а Роса Плавева е уапсена и јавно омаловажена. Интересен е податокот дека обидите на здружување и организирање на жените во Македонија коинцидира со одржувањето на Првата меѓународна конференција на социјалистките во 1907 година во Штутгарт, Германија.

На 1 мај 1909 година, во Скопје е формирана нова Социјалдемократска организација чии основачи се Роса Плавева и нејзиниот сопруг, Илија Плавев, која ја користи Ерфуртската програма од 1891 година на германските социјалдемократи како своја платформа. Нејзини членови стануваат и Накие Бајрам и нејзиниот сопруг, Ферид Бајрам.

По Втората светска војна, Накие Бајрам како учителка е посебно вклучена во одбулување и описменување на муслиманската жена во Социјалистичка Македонија во чии процеси се вклучува со голем ентузијазам. Но Законот за забрана на носење зар и фереџе донесен на 12 јануари 1951 година, кој требало да го забрза процесот на еманципација на муслиманската жена во Социјалистичка Македонија, предизвикува отпор од страна на муслиманската популација и бил сфатен како насилнички акт против семејниот и личниот интегритет на муслиманската жена.

Наводи

уреди