Осумнаесетта македонска ударна бригада

Осумнаесеттата македонска ударна бригада била формирана во село Алгуња, Кумановско на 4 октомври 1944 година.[1] Била формирана од Младинскиот и Дополнителниот баталјон, кои дејствувале на тој простор, и новопристигнати борци од Кумановско, Прешевско и Бујановачко, во состав на Кумановската дивизија на НОВЈ. Во истиот месец нараснала на 1.200 борци.

Осумнаесетта македонска ударна бригада
Активна4 октомври 1944 – декември 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Борбени дејства

уреди

По формирањето учествувала во затворањето на просторот Куманово-Бујановац, водејќи борби со делови на германската 11 дивизија и балистите, на комуникацијата Куманово-Прешево на 8 до 10 октомври, како и на комуникацијата Куманово-Бујановац на 18 октомври, кај селата Билјача на 21 октомври, Сушево на 24 октомври 1944 година, и др. Заедно со Седумнаесеттата македонска бригада и делови од Првата армија на народната војска на Бугарија, учествувала во ослободувањето на Куманово на 11 ноември 1944 година, а потоа продолжила со разбивањето на балистите на Скопска Црна Гора, Урошевац и Гњилане до декември 1944 година, по што била расформирана, а боречкиот состав влегол во составот на Третата македонска бригада.

Од оваа бригада загинале околу тројца борци.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 134