Нада Алексоска
Нада Алексоска (родена на 02 јули 1947 година во Градско) е македонски писател, пишува поезија и раскази. По професија професор мо македонски јазик сега пензионер.
Нада Алексоска | |
---|---|
Роден/а | 02.07.1947 Градско Република Македонија |
Јазик | Македонски јазик Германски јазик |
Националност | Македонија |
Народност | Македонка |
Образование | Филолошки факултет Скопје, факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје |
Партнер | Веле Алексоски |
Биографија
уредиНада Алексоска е родена на 2 јули 1947 година во Градско. Основно образование завршува во ОУ „Даме Груев“ Градско. Средно образование завршува вп ОСУ„Јовче Тесличков“ Велес. Своето школување го продолжува на Филолошки факултет Скопје, факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ група македонски јазик во Скопје. Активен член на Клуб на писатели „ Коста Солев Рацин“ Велес , Во здружение на пензионери во Велес, координатор на Комисијата за културно забавен живот и дописник на Списанието „Пензионер“[1]. Нада Алексоска е лектор[1] по македонски јазик.
Нејзиното работно искуство како наставник по македонски јазик е во неколку основни училишта во Општина Велес. Од 1992 година до 1997 година работи како наставник во повеќе училишта во Германија како во Манхајм, Хајдлберг, Франкфурт, Карлсруе, Оренбург и некои други места каде учениците – Македонци имаа часови по македонски јазик, историја, географија и слично[2]. Потоа повторно работи ОУ „Блаже Конески“ во Велес, а од 1998 до 2005 година била вработена во Министерството за образование на Р Македонија како подрачен претставник за општините Велес, Градско и Чашка. Учествува на многу на бројни поетски и литературни настани во Велес и низ Македонија, рецензент[3] и лектор [4] на многу изданија. Добитник е на наградата за Животно дело „Коле Неделковски“[5] која ја доделува Клуб на писатели „ Коста Солев Рацин“ Велес во соработка со Општина Велес.[2] Алексоска е уредик,новинар и лектор на Списание „Македонско Сонце“[6] на македонски јазик во периодот од 1993 година до 1998 година. Списанието се печатело во Скопје во печатницата на Нова Македонија во Скопје и се дистрибуирало во Македонија и во македонската дијаспора.
Наградувана на повеќе македонски конкурси и манифестации. Како поет учествува и на многу поетски манифестации, била во Организациски одбор на Детски Рацинови средби[7] и многу години учествувала [8] на поетските каравани на Детски Рацинови средби, настапувала и на Рацинови средби и на многу поетски манифестации во Македонија.
Творештво
уредиАвтор е на следните книгиː
- Монографијата „Смиљан Гриовски агентот на ЦИА“ издадена (1998 )[3]
- стихозбирка „Кога душата говори“,
- стихозбирка „Ластовички“
- стихозбирка „Песната на ѕвездите“(1999)[4]
збирки раскази
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- ↑ „Министерство за култура“ (PDF). Скопје.
- ↑ Димкоски, Филип (2020-10-06). „Ги учевме децата како да станат добри луѓе!“. Нова Македонија. Посетено на 2024-02-04.
- ↑ „Мобилно новинарство: Приказна за златната „Монографија на ОУРЦ Маца Овчарова, Велес" - ДУМА.мк“. 2023-04-09. Посетено на 2024-02-04.
- ↑ Димкоски, Филип (2021-02-22). „„И каменот има душа"“. domasno.mk. Архивирано од изворникот на 2024-02-04. Посетено на 2024-02-04.
- ↑ А1он (2021-09-02). „Писателката Нада Алексоска петти добитник на наградата за животно дело „Коле Неделкоски"“. А1он (англиски). Посетено на 2024-02-04.
- ↑ „Македонско сонце“. Википедија. 2024-01-18.
- ↑ ТиРековМирече (2019). „култура“.
- ↑ Во чест на Рацин! | Нада Алексоска | By Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ - Велес | Facebook, Посетено на 2024-02-04