Музеј на Илинденското востание и Крушевската Република
Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република ― музеј кој се наоѓа во Крушево, Македонија. Куќата е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа во која е прогласена Крушевската Република, ул. „Таки Бербер“ бр. 44а.[1] Музејот е под јурисдикција на Историскиот музеј - Крушево. Музејот е сместен во староградска куќа која датира од 19 век и припаѓала на браќата Наум Томалевски и Ѓорги Томалевски.[2] Ова била куќата во која во 1903 година била прогласена Крушевската Република.[3][4]
Музејот во 2022 година | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 2 август 1953 година |
---|---|
Место | ул. Таки Бербер бр. 44а Крушево, Македонија |
Тип | Историски музеј |
Томалевска куќа Куќа на Илинденското востание и Крушевската Република | |
---|---|
Куќата во периодот 1903-1908 | |
Општи податоци | |
Стил | Староградска архитектура |
Сопственик | Историски музеј - Крушево (денес) Семејство Томалевски (порано) |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Како музеј и поставки
уредиТука се сместени изворни експонати од оружје, карти, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја.[3]
Музејот бил отворен на 2 август 1953 година по повод 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Во музејот се изложени оригинални фотографии од членовите на Привремената влада, Советот и востанички чети, карти, предмети со кои се служеле Никола Карев, Питу Гули, макети, текстови, Крушевскиот Манифест,[4] Одзивот на Илинденското востание и Крушевската Република во странскиот печат, циферблатот на црквата „Св. Никола“ опожарена за време на задушувањето на востанието. Тука се и податоците за големите човечки и материјални штети кои му биле нанесени на градот од страна на османлискиот аскер.
Галерија
уреди-
Куќата во 2022 година
-
Спомен плочата
Наводи
уреди- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 10 март 2022.
- ↑ www.visitkrusevo.com.mk
- ↑ 3,0 3,1 Ташков, Нако; Димитров, Никола; Методиевски, Дејан (2016). Водич за препознатливите производи, локалитети, објекти и настани во РМ. Агенција за поддршка и промоција на туризмот во Република Македонија. стр. 87. Архивирано од изворникот на 2022-03-09. Посетено на 9 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 4,0 4,1 „Музеј на Илинденското востание“. weekendinkrusevo.com. Архивирано од изворникот 2022-03-10. Посетено на 10 март 2022.