Црква „Св. Никола“ - Крушево
Свети Никола — црква во Крушево. Изградена е во 1832 г.[1]
Свети Никола
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Прва крушевска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Крушево |
Општина | Крушево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1832 (прва) 1904-1905 (втора) |
Зограф | Петре Филипоски Гарката |
Изгорена | 1903 |
Архитектонски опис |
За време на Илинденското востание во 1903 г., црквата како и голем дел од централниот дел на градот бил изгорен и разрушен. Црквата била возобновена во периодот од 1905 до 1907 г. Таа имала централна позиција и била ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот.
На јужната страна од црквата била изградена камбанарија на која бил поставен градскиот саат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил со синовите Данаил и Никола, а иконостасот бил дело на познатите копаничари Петре Филиповски-Гарката и Димитар Станишев. Најстарите икони изложени во оваа црква датираат од 1884 г. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никогаш невидени мајсторски дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.
Наводи
уреди- ↑ „Цркви во Крушево“. Визит Крушево. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]