Музеј Сантрал Истанбул
Музејот Сантрал Истанбул (турски: Santralİstanbul) е музеј кој се наѓа во Ејуп, Истанбул, Турција. Музејот бил основан во 2002 година и истиот е наменет за уметнички и културни дела. Комплексот се состои од една модерна зграда каде се наоѓа музејот на уметноста, потоа енергетски музеј и амфитеатар, концертни сали и јавна библиотека. Во периодот од 1914-1983 година објектот служел за снабдување со електрична енергија на градот.
Музеј Сантрал Истанбул Santralİstanbul Müzesi | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Планот за претворање на објектот во музеј бил на младиот стопанственик Огуз Озерден, основач на Универзитетот Билги. Тој успеал да ја убеди владата на Реџеп Тајип Ердоган и министерството за енергетика и природни ресурси да го искористат неговиот план.[1] Договорот бил потпишан во 2004 година.[2] Свеченото отворање на музејот се случило на 8 септември 2007 година. Музејот бил посетуван од страна на околу 1.500.000 посетители.
Наводи
уреди- ↑ Newspaper Radikal July 21, 2007 (турски)
- ↑ Newspaper Yeni Şafak, May 2, 2004 (турски)
Надворешни врски
уреди„Музеј Сантрал Истанбул“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (турски)
- Hayal Saati Архивирано на 3 март 2016 г. (турски)
- Yapı[мртва врска] (турски)
- Universes in Universe (германски)
- Kamca[мртва врска] (турски)