Темниот витез

(Пренасочено од Мрачниот витез)

Темниот витез (англиски: The Dark Knight) е суперхеројски филм, воедно и криминалистички трилер со сосценарио и во режија на Кристофер Нолан. Заснован на ликот на DC Comics Бетмен, филмот е дел од Нолановиот филмски серијал Бетмен и продолжение на филмот Бетмен почнува од 2005. Кристијан Бејл ја репризира главната улога. Филмот ги следи Брус Вејн/Бетмен (Бејл), јавниот обвинител Харви Дент/Две Лица (Арон Екхарт), помошникот јавен обвинител Рејчел Дос (Меги Џиленхол) и полицискиот комесар Џејмс Гордон (Гери Олдмен) во нивните напори да ја спречат новорастечката закана на криминалец кој се нарекува „Џокер“ (Хит Леџер).

„Темниот витез“
РежисерКристофер Нолан
ПродуцентКристофер Нолан
Чарлс Ровен
Ема Томас
СценаристСценарио:
Кристофер Нолан
Џонатан Нолан
Приказна:
Дејвид С. Гојер
Кристофер Нолан
Стрип:
Боб Кејн
Бил Фингер
Главни улогиКристијан Бејл
Мајкл Кејн
Хит Леџер
Гери Олдмен
Арон Екхарт
Меги Џиленхол
Морган Фримен
МузикаХанс Цимер
Џејмс Њутон Хауард
КинематографијаВали Фистер
МонтажаЛи Смит
СтудиоLegendary Pictures
Syncopy Films
DC Comics
ДистрибутерWarner Bros.
Премиера16 јули 2008
18 јули 2008
(САД)
24 јули 2008
(Обединето Кралство)
Времетраење152 минути
Земја САД
 Обединето Кралство
Јазиканглиски
Буџет$185 милиони[1]
Бруто заработка$1,022,345,358
(низ целиот свет)
ПретходенБетмен почнува

Дебито на ликот Џокер во стрип од 1940 и серијалот стрипови од 1996, Долгата Ноќ на вештерките кој раскажува за потеклото на Две-Лица послужиле како инспирација на Нолан. Темниот витез првично бил сниман во Чикаго, како и во неколку други локации во САД, Обединетото Кралство и Хонгконг. Нолан користел IMAX камера за снимање некои секвенци, вклучувајќи го и првото појавување на Џокер во филмот. На 22 јануари 2008, по завршување на снимањето на Темниот витез, Хит Леџер умира од комбинација на токсини од препишани лекови што доведе до напнато внимание од страна на печатот и објавување на филмот во јавноста. Warner Bros. отпрвин создале вирална рекламна кампања за Темниот Витез развивајќи промотивни мрежни места и трејлери кои се сосредоточуваат токму на сцени со Леџер како Џокер, но по смртта на Леџер, студиото решава да ја рефокусира својата промотивна кампања.[2][3]

Филмот бил објавен на 16 јули 2008 во Австралија, на 18 јули 2008 во Северна Америка, а на 24 јули 2008 во Обединетото Кралство. Пред дебито на амерканските кино благајни, рекорден број на билети однапред биле купени за премиерата на Темниот витез. Бил примен со позитивни критики веднаш по прикажувањето и станал вториот филм што воопшто има заработено над 500 милиони долари во кино благајните на Северна Америка, во меѓувреме поставувајќи уште неколку други рекорди. Филмот исто така е и шестиот филм со најголема заработувачка низ целиот свет, а четврт од петте филмови кои имаат освоено повеќе од една милијарда долари низ целиот свет.[4] Филмот се здобива со неколку номинации, од кои две за Оскар,[5] за најдобра звучна монтажа и најдобар глумец во споредна улога за изведбата на Леџер.

Синопсис

уреди

Глумечка екипа

уреди
 
Глумечката екипа на Темниот витез на европската премиера во Лондон. Од лево кон десно: Режисерот Кристофер Нолан, продуцентите Ема Томас и Чарлс Ровен, глумците Моник Курнан, Мајкл Кејн, Арон Екхарт, Меги Џиленхол и Кристијан Бејл.
  • Кристијан Бејл како Брус Вејн / Бетмен, милијардер посветен да го штити Готам Сити од криминалното подземје преку ноќ. Бејл вели дека бил сигурен во својот избор да ја репризира улогата поради позитивниот одѕив на неговата изведба во Бетмен почнува.[6] Тој продолжил со тренирање на т.н. боречки метод Кејси (англиски: Keysi Fighting Method) и сам извел неколку каскадерски сцени,[6][7] но не се здобил со голема мускулна маса како во претходниот филм, бидејќи новиот костим му овозможил да се движи со поголема агилност.[8] Бејл ја опишува дилемата на Бетмен како „[неговата крстоносна војна е] нешто што има крај. Дали може да се откаже и да води обичен живот? Тој вид на манијачка јачина, која човек мора да ја има да ја одржи страста и лутината која ја почувствувал како дете, бара напор за да опстане. Во некој дел од животот, морате да ги истиснете демоните.“[9] Тој додава, „Сега немате само повреден младич кој се обидува да најде некаков одговор, имате некој кој всушност има моќ, кој е ограничен од таа моќ и мора да ја препознае разликата помеѓу опстојувањето на таа моќ и воздржувањето на користење на истата.“[1] Бејл чувствува дека карактерот на Бетмен веќе е цврсто етаблиран уште во првиот филм, поради што е несвојствено да биде обземен од негативците, изјавувајќи: „Немам никаков проблем да се натпреварувам со некого. Тоа всушност го прави филмот подобар.“[10]
  • Хит Леџер како Џокер. Пред да биде потврдено дека Леџер ќе го игра Џокерот во јули 2006, Пол Бетани,[11] Лаки Хам,[12] Адријен Броди,[13] Стив Карел[14] и Робин Вилијамс[15] јавно објавија интерес за играње на улогата. Бидејќи Нолан уште порано сакал да работи со Леџер, а бидејќи не му се укажала можност, се согласил на Леџеровата хаотична интерпретација на ликот.[16] Кога Леџер го изгледал Бетмен почнува, тој смислил начин ликот да биде доследен на тонот на филмот:[17] тој го опишува неговиот Џокер како „психопатски, масовно убиствен, шизофренички кловн без чувства.“[18]

За да се подготви за улогата, цел месец Леџер живеел сам во хотелска соба, формулирајќи го држењето, гласот и карактерот на ликот и водејќи дневник, во кој ги запишувал мислите и чувстватa на Џокер.[10][19] Иако отпрвин тешко, Леџер некако успеал да изнајде глас различен од оној на Џек Николсон во филмот Бетмен од 1989 на Тим Бартон.[18][19] Му биле дадени и Batman: The Killing Joke и Arkham Asylum: A Serious House on Serious Earth, кои „навистина се обидов да ги прочитам и да ги оставам.“[17] Леџер ги цитираше Пеколен часовник и Сид Вишос како „рана појдовна точка за Кристијан [Бејл] и мене. Но многу брзо одлетавме од таа точка во сосем друг свет.“[20][21] „Има од сè по малку во него. Но, ништо толку доследно,“ изјавува Леџер и надополнува, „Сè уште има неколку изненадувања за него.“[20] На Леџер му било дозволено да ги снима и воопшто режира видеата кои Џокер ги праќа како предупредувања. Секое снимање кое го направил се разликувало од претходното. Нолан бил доволно воодушевен од првото видео, поради што одлучил да не присуствува кога Леџер го снимал видеото со киднапираниот новинар (Ентони Мајкл Хол).[22]

На 22 јануари 2008, откако завршил со снимањето на Темниот витез, Леџер умира од предозирање од препишани лекови, доведувајќи до напнато внимание од страна на печатот и признанија во спомен на Леџер. „Беше премногу емотивно, откако почина, што морав да се враќам и да го гледам секој ден [за време на монтажата],“ се сеќава Нолан. „Но во суштина, се чувствувам многу среќно што имам нешто волку продуктивно за работа, што имам изведба со која тој толку многу се гордееше и што ми веруваше да завршам.“[21] Сите сцени со Леџер се прикажани какви што ги завршил за време на снимањето; за време на монтажата, Нолан не додал никакви „дигитални ефекти“ за да на кој било начин ја промени изведбата на Леџер.[23] Нолан го посветува филмот во спомен на Леџер.[24][25]

  • Гери Олдмен како Џејмс Гордон, поручник во полицискиот оддел на Готам Сити и еден од малкуте полициски офицери кои не се корумпирани. Тој формира незначаен, неофицијален сојуз со Бетмен и Дент. Кога Џокер го убива полицискиот комесар Лоуб, градоначалникот Гарсија му ја дава својата позиција на Гордон. Олдмен го опишува својот лик како „некорумпирачки, чесен, силен, херојски, но дискретен.“[26] Нолан објаснува дека Долгата Ноќ на вештерките има одлична, триаголна врска помеѓу Харви Дент, Гордон и Бетмен, а токму од таму црпевме многу.“[27] Олдмен додава дека „Гордон има голем восхит кон него на самиот крај, но [Бетмен] е повеќе од кога било темниот витез, аутсајдерот. Ме интересира да видам: Ако има трет дел, што тој ќе прави?“[27] За можноста на друго продолжение, тој вели дека „враќањето [на улогата] не зависи од тоа дали улогата ќе биде поголема од претходната.“[28]
  • Арон Екхарт како Харви Дент / Две-Лица, јавниот правобранител кој е наречен „Белиот витез“ на Готам. Борбата помеѓу Дент и Џокер го трансформира Дент во убиствен, нагрден вигилант наречен „Две-Лица“.[29][30] Вејн го смета Дент за негов наследник, сфаќајќи дека Бетмен ќе биде животнодолга мисија и возвишувајќи го падот на Дент.[25] Нолан и Дејвид С. Гојер размислувале да го вметнат Дент во Бетмен почнува, но го заменуваат со новиот лик Рејчел Дос кога сфаќаат дека тој „не може да врши правда“.[31] Пред да биде одбран Екхарт во февруари 2007, Лиев Шрајбер,[32] Џош Лукас[33] и Рајан Филипи[34] имаат објавено интерес за улогата,[35] додека Марк Рафало отишол на аудиција.[36] Хју Џекмен исто така бил земен предвид за улогата. Нолан го одбрал Екхарт, кој го имал на ум за главната улога во Мементо, истакнувајќи ја неговата „необична“ способност како глумец, неговото овоплотување на „квалитетот на еден американски херој“ проектиран од Роберт Редфорд, и неговата поттекстна „острица“.

Екхарт бил „заинтересиран во преобразбата на добар лик во лош“ и имал играно корумпирани ликови во Црната Далија, Благодариме за пушењето и Во друштво на луѓе. Иако Две-Лица е злобен негативец во стриповите, Нолан се одлучил да го прикаже како растроен вигилант, со цел да ја нагласи неговата улога како соперник на Бетмен. Екхарт објаснува, „[Тој] е сè уште искрен кон себе. Тој е борец против криминалот, тој не убива добри луѓе. Не е лош тип, барем не целосно.“[29][30] За Дент, Екахрт постојано мислел на семејството Кенеди, особено Роберт Ф. Кенеди, кој беше бил „идеалистичен, полн со завист и се придружи на мафијата“. Неговата коса била направена постилски и посветла за да изгледа по допадливо и енергично. Нолан му нагласил на Екхарт да не го прикаже Две-Лица како „шегобиец со откачени звуци или трикови.“[37]

  • Меги Џиленхол како Рејчел Дос, помошник јавен обвинител на Готам Сити и пријателка од детството на Вејн. Пред настаните од филмот, таа му кажува на Вејн дека ако некогаш реши да не биде Бетмен, ќе бидат заедно. Таа е една од неколкуте кои го знаат вистинскиот идентитет на Бетмен. Џиленхол ја презема улогата од Кејти Холмс, која ја играше во Бетмен почнува. Во август 2005, Холмс јавно изјави дека планира да ја репризира улогата,[38] но на крајот ја одбива за да работи на Луди пари со Дајана Китон и Квин Латифа.[39] До март 2007, Џиленхол беше во „завршни преговори“ за улогата.[40] Џиленхол однапред знаела дека нејзиниот лик е дама во опасност, но вели дека Нолан изнајдол начин да го засили нејзиниот лик, затоа „Рејчел е повеќе од јасна околу тоа што и е важно и не дозволува да ги компромитира своите морали, што е добра промена“ од многуте конфликитни ликови кој претходно ги има толкувано.[41]
  • Мајкл Кејн како Алфред Пениворт, лојалниот батлер и советник на Вејн. Неговата „залиха“ корисни совети за Вејн и неговото влијание како негова таткова фигура во животот на доведува да бие наречен „Бетменот на бетмен“.[42][43]
  • Морган Фримен како Луциус Фокс, неодамна унапредениот извршен директор на Wayne Enterprises кој сега целосно запознаен со двојниот живот на својот работодавец, служи подиректно како оружар покрај своите службени должности.[44]
  • Чин Хан како Ло, сметководителот кои ги контролира парите за мафиите.
  • Ерик Робертс како Сал Марони, гангстер кој ја презема мафијата на Кармин Фалкон. Боб Хоскинс и Џејмс Гандолфини исто така се имаат пријавено за улогата.[45]
  • Колин Мек-Ферлејн како Џилијан Б. Лоуб, полицискиот комесар на Готам пред да е убиен од Џокер.[46]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 David M. Halbfinger (2008-03-09). „A Director Confronts Darkness and Death“. The New York Times. nytimes.com. Посетено на 2008-03-08. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  2. Marshall Crook and Peter Sanders (2008-01-24). „Advertising: Will Marketing Change After Star's Death?“. The Wall Street Journal. online.wsj.com. стр. B1. Посетено на 2008-06-04.
  3. „Ledger's Death Puts Last Films in a Bind“. CNN.com Entertainment. CNN. 2008-01-24. Посетено на 2008-07-10. Text "cnn.com" ignored (help)
  4. „All Time Worldwide Box Office Grosses“. Boxofficemojo.com. Посетено на 2009-12-19.
  5. „Oscar - 81st Annual Acedemy Award nominees“.
  6. 6,0 6,1 „WWC – 'The Dark Knight' Panel“. wizarduniverse.com. Wizard Entertainment. 11 август 2007. Архивирано од изворникот 2008-01-11. Посетено на 10 ноември 2008.
  7. „Dark Knight: Christian Bale: Batman/Bruce Wayne“. keysikfm.com. Keysi Fighting Method. Архивирано од изворникот на 2008-06-12. Посетено на 8 јули 2008.
  8. „Joker's Wild“. wizarduniverse.com. Wizard Entertainment. 11 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 2008-02-08. Посетено на 11 февруари 2008.
  9. Beale, Lewis (15 јули 2007). „Fast Chat: Christian Bale“. Newsday. Tribune Company. Архивирано од изворникот 2007-07-17. Посетено на 19 април 2008.
  10. 10,0 10,1 Jolin, Dan (2008). „Fear Has a Face“. Empire. Bauer Verlagsgruppe. 223: 87–88. Посетено на 8 јули 2008.
  11. Chavez, Kellvin (28 јануари 2006). „Bettany Talks Batman Begins Sequel!“. latinoreview.com. Latino Review. Архивирано од изворникот на 2006-08-20. Посетено на 31 јули 2006.
  12. Beall, Mark (30 мај 2006). „Lachy Hulme Talks Joker“. cinematical.com. Moviefone. Архивирано од изворникот 2012-06-29. Посетено на 31 јули 2006.
  13. Stax (9 јануари 2006). „That Joker Adrien Brody“. IGN Comics. News Corporation. Посетено на 31 јули 2006.
  14. Saney, Daniel (21 септември 2005). „Steve Carell to play The Joker?“. digitalspy.co.uk. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2007-12-12. Посетено на 9 декември 2007.
  15. Otto, Jeff (26 јуни 2006). „Robin Williams, Joker?“. IGN. News Corporation. Посетено на 31 јули 2006.
  16. Stax (6 декември 2007). „IGN interviews Christopher Nolan“. IGN Movies. News Corporation. Посетено на 3 јуни 2008.
  17. 17,0 17,1 Lesnick, Silas (10 ноември 2007). „IESB Exclusive: Heath Ledger Talks the Joker!“. The Movie Reporter. IESB.net. Посетено на 12 ноември 2007.
  18. 18,0 18,1 Lyall, Sarah (4 ноември 2007). „Movies: In Stetson or Wig, He's Hard to Pin Down“. The New York Times. The New York Times Company. Посетено на 8 јули 2008.
  19. 19,0 19,1 Richards, Olly (28 ноември 2007). „World Exclusive: The Joker Speaks: He's a Cold-blooded Mass-murdering Clown“. Empire. Bauer Verlagsgruppe. Посетено на 8 јули 2008.
  20. 20,0 20,1 Horowitz, Josh (10 ноември 2007). „Heath Ledger Says His Joker Has 'Zero Empathy' “. MTV Movies Blog. MTV. Архивирано од изворникот на 2015-09-08. Посетено на 12 ноември 2007.
  21. 21,0 21,1 Carroll, Larry (18 март 2008). 'Dark Knight' Stars, Director Want Film To 'Celebrate' Heath Ledger's Work“. MTV Movies Blog. MTV. Архивирано од изворникот на 2009-03-22. Посетено на 5 јуни 2008.
  22. „Nolan Talks DARK KNIGHT Blu-ray, A 100,000 Person Screening Of The Film (Featuring Live Q & A w/ Nolan), TDK Sequel, And More!!“. Ain't It Cool News. 5 декември 2008. Посетено на 6 декември 2008.
  23. Brown, Scott (24 јуни 2008). „Dark Knight Director Shuns Digital Effects for the Real Thing“. Wired. Condé Nast Publications. Посетено на 24 јуни 2008.
  24. „Dark Knight Dedicated to Ledger“. BBC News Online. 27 јуни 2008. Посетено на 27 јуни 2008.
  25. 25,0 25,1 Jolin, Dan (2008). „The Dark Knight“. Empire. Bauer Verlagsgruppe. 228: 92–100. |access-date= бара |url= (help)
  26. Fischer, Paul (9 јули 2008). „Exclusive Interview: Gary Oldman for "The Dark Knight". Darkhorizons.com. Dark Horizons Multimedia. Архивирано од изворникот на 2012-07-03. Посетено на 22 јули 2008.
  27. 27,0 27,1 Carroll, Larry (10 јули 2008). „In 'Dark Knight,' The Often-Incompetent Jim Gordon Actually Knows What He's Doing“. MTV Movie News. MTV. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 22 јули 2008.
  28. Brevet, Brad (18 јули 2008). „Gary Oldman Discusses His Role as Jim Gordon in 'The Dark Knight'. RopeofSilicon.com. Ropeofsilicon. Архивирано од изворникот на 2008-07-24. Посетено на 22 јули 2008.
  29. 29,0 29,1 Boucher, Geoff (3 мај 2008). „Aaron Eckhart: Not Just Another Pretty Face in 'The Dark Knight' “. Los Angeles Times. Tribune Company. Посетено на 3 мај 2008.
  30. 30,0 30,1 Purdin, Rickey (4 март 2008). „(Dark Knight Exclusive): Aaron Eckhart Q&A“. wizarduniverse.com. Wizard Entertainment. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 1 јуни 2008.
  31. Christopher Nolan and David S. Goyer (2007). „Introduction“. Absolute Batman: The Long Halloween. London: Titan. ISBN 9781401212827.
  32. Chavez, Kellvin (31 мај 2005). „Video Interview: Schreiber & Stiles on The Omen!“. latinoreview.com. Latino Review. Архивирано од изворникот на 2006-08-18. Посетено на 15 август 2006.
  33. Carroll, Larry (21 април 2006). „Movie File: Brad Pitt, Chevy Chase, Ben Stiller, Owen Wilson, Josh Lucas & More“. MTV.com. MTV. Архивирано од изворникот на 2006-06-27. Посетено на 31 јули 2006.
  34. Stax (2 февруари 2007). „Phillippe Talks Two-Face“. IGN. News Corporation. Посетено на 2 февруари 2007.
  35. McNary, Dave (15 февруари 2007). „Eckhart Set As Two-Face“. Variety. Reed Business Information. Посетено на 15 февруари 2007.
  36. Seijas, Casey (2 октомври 2008). „Mark Ruffalo Discusses His Try-Out For Harvey Dent/Two-Face Role In 'The Dark Knight'. MTV Splash Page. Архивирано од изворникот на 2008-10-03. Посетено на 3 октомври 2008.
  37. Keck, William (29 јули 2008). „Aaron Eckhart puts on his best acting face“. USA Today. Gannett Company. Посетено на 16 ноември 2008.
  38. Batman Begins Sequel Is Moving Along“. cinescape.com. Cinescape. 10 август 2005. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на 4 август 2006.
  39. Adler, Shawn (14 јануари 2008). 'Dark Knight' Absentee Katie Holmes Full Of Regrets? 'Not At All,' Actress Says“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2008-01-19. Посетено на 9 јануари 2009.
  40. McClintock, Pamela (8 март 2007). „Gyllenhaal Joining Batman Sequel“. Reed Business Information. Посетено на 8 март 2007. Наводот journal бара |journal= (help)
  41. Williams, Andrew (6 јануари 2008). „Gyllenhaal Talks Sexy Underwear“. Metro. Associated Newspapers Ltd. Архивирано од изворникот на 2008-01-08. Посетено на 8 јануари 2008.
  42. Mackie, Rob (21 октомври 2005). „Batman Begins review“. The Guardian. London. Посетено на 20 февруари 2007.
  43. Tilley, Steve (13 јуни 2005). „Michael Caine one tough butler“. CANOE. Edmonton Sun. Посетено на 20 февруари 2007.
  44. Getlen, Larry (13 јули 2008). „MORGAN FREEMAN: HOW I MENTORED BATMAN“. New York Post. Архивирано од изворникот на 2008-09-24. Посетено на 14 септември 2008.
  45. Kane, Michael (14 мај 2007). „Heroic Save: 20-Year Old Career Skid Ends with Super Roles“. New York Post. News Corporation. Архивирано од изворникот 2012-09-10. Посетено на 14 мај 2007.
  46. Adler, Shawn (17 декември 2007). 'Dark Knight' Trailer: Shot-By-Shot Analysis Uncovers Clues About Batman's Next Fight“. MTV. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 14 септември 2008.

Надворешни врски

уреди