Северен сото

(Пренасочено од Сепеди)

Северниот сото (познат и како педи, сепеди; самонар. „сесото са Лебоа“) е банту-јазик што го говорат 4.208.980 жители (2001) на покраините Гаутенг, Лимпопо и Мпумаланга во ЈАР.

Северен сото
Sesotho sa Leboa
Застапен воЈАР
ПодрачјеГаутенг, Лимпопо, Мпумаланга
Говорници4,1 милиони  (2006)
Јазично семејство
Дијалекти
педи (масемола, тау, кони)
лобеду (кгага)
гананва (тлоква)
копа (ндебеле-сото)
бирва[1]
цвапонг[1]
? палаборва
? куцве (ист. сото)
? пај (ист. сото)
? пулана (ист. сото)
Статус
Службен во ЈАР
Регулативен органПанјужноафрикански јазичен одбор
Јазични кодови
ISO 639-2nso
ISO 639-3Разни:
nso — педи итн.
brl — бирва
two — цвапонг
Linguasphere
Гатриев кодS.32,301–304[1]
Јазикот педи
 лице  моПеди/моСото
 народ  баПеди/баСото
 јазик  сепеди/сеСото

Урбаните говори содржат и чкрапки поради постојаното влијание од нгунските јазици.

Класификација

уреди

Северен сото е јазик (или збир од соседни јазици) во состав на сотската гранка на Зона S (S.30) на семејството банту (во нигер-конгоанското колено). Најсроден е на јужниот сото (сесото), цвана, кгалагари и лози.

Се состои од неколку посебни јазици или дијалекти, од кои предоминантен е педи (сепеди), поради што во минатото целата група се поистоветувала со овој говор.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Географска застапеност на северниот сото во ЈАР: дел од населението што говори некој облик на северен сото во домот.
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%