Моче
Цивилизацијата Моче се развила во периодот од 100 до 800 година за време на историскиот период на регионален развој. Денес има голема дебата за тоа дали Моче биле организирани во некоја политичка единица, па така некои научници веруваат дека Моче не биле обединети во една политичка целина, туку во заедница од градови кои споделувале заеднички културни и исторски вредности.
Култура Моче Moche
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
100–800 | |||||||||
Статус | култура | ||||||||
Говорени јазици | мучикски | ||||||||
Вероисповед | многубожна | ||||||||
Уредување | теократија | ||||||||
Историски период | пред-колумбиска | ||||||||
• Основана | 100 | ||||||||
• Престанала да постои | 800 | ||||||||
|
Моче се доста познати по вештото бојадисување керамика, изработка на производи од злато, грандиозни споменици, водоводни системи и слични архитектонски подвизи.[1] Историјата на народот Моче може да биде поделена на три периоди, па така има: ран период од 100 до 300 година кога се развила цивилизацијата, потоа следува средниот период од 300 до 600 година кога започнал урбаниот живот и доцен период кога се распаднала цивилизацијата во периодот од 500 до 700 година.[2] Општеството на Моче било засновано на земјоделството со значителни напори и резултати за изградба на водоводни канали. Општо гледано, оваа цивилизација била доста развиена и според археолошките артефакти се добиваат уште подетални информации за цивилизацијата.
Оваа цивилизација се протегала низ неколку долини во северниот брег на Перу, поточно околу Ламбајеке, Хекетепеке, реката Чикама, реката Моче, реионот на цивилизацијата Виру, Чао, реката Санта и Непена. Пирамидата Хуака дел Сол е најголема градба во пред-колумбиската ера, но била делумно уништена од шпанските колонизатори. За голема среќа на археолозите и научниците, храмот Хуака де ла Луна е скоро недопрена и има голем број сликовите прикази за општеството. Останати Моче наоѓалишта се Сипан, Пампа Гранде, Лома Негра, Дос Кабезос, Пакатнаму, Сан Хосе де Моро, Ел Брухо, Моколопе, Керо Мајал, Галиндо, Хуанкако и Панамарка.
Галерија
уреди-
Моче вазна
-
Елен кој се одмара
-
Кондор
-
Керамика со сексуална содржина
-
Накит
-
Ткаенина
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Beck, Roger B.; Linda Black, Larry S. Krieger, Phillip C. Naylor, Dahia Ibo Shabaka (1999). World History: Patterns of Interaction. Evanston, IL: McDougal Littell. ISBN 0-395-87274-X.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Bawden, G. 2004. The Art of Moche Politics, in Andean Archaeology. (ed. H. Silverman). Oxford: Blackwell Publishers.
Додатни информации
уреди- Schmid, Martin, Die Mochica an der Norküste Perus. Religion und Kunst einer vorinkaischen andinen Hochkultur. Hamburg, 2008
Надворешни врски
уреди„Моче“ на Ризницата ? |
- "Перуанска воина од 450" New York Times, 17 мај 2006
- BBC: „Изгубената цивилизација на Перу“
- Галерија на моче грнчарија Архивирано на 8 јули 2006 г.
- Проект Сонце и Месечина Архивирано на 26 ноември 2012 г.
- Човечко жртвување Архивирано на 1 јануари 2009 г.
- Жртвени ритуали кај народот Моче