Вариска култура
- За несродниот народ видете народ Вари.
Вариската култура (шпански: Huari) била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел од брегот на Перу во периодот од 500 до 900 година. Главниот град на оваа култура бил Вари и се наоѓал на околу 25 км североисточно од денешниот град Ајакучо во Перу. Овој град бил центар на цивилизацијата која покривала голем дел од висорамнините и брегот на Перу. Подоцна, државата се проширила и го зазела градот Пачакамак, иако се верува дека имал одредена автономија. Исто така, во склоп на Вариската култура или држава влегле и Моче културата, а подоцна и Чиму културата. Најдобрите археолошки остатоци од Вариската култура постојат во градот Квинуа познати како Вариски остатоци. Исто така познати се остатоците и во близина на градовите Чиклајо и Пикилакта.
Култура Вари Wari
| |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
500–900 | |||||||||||||||
Главен град | Вари | ||||||||||||||
Говорени јазици | Ајмарски јазик и други. | ||||||||||||||
Вероисповед | локална андска религија | ||||||||||||||
Уредување | непознат | ||||||||||||||
Историски период | пред-колумбиска | ||||||||||||||
• Основана | 500 | ||||||||||||||
• Престанала да постои | 900 | ||||||||||||||
|
Се верува дека Варите го измислиле терасното земјоделство, начин на одгледување кое подоцна го усовршиле и Инките. Мајчиниот јазик на Варите се верува дека бил кечуанскиот јазик, но со споредбено и историско проучување на андските јазици се довело до верување дека мајчиниот јазик бил форма на ајмарскиот јазик. Вариската култура почнала за исчезнува во 800 година, а во 900 година и градот Вари исчезнал.
Поврзано
уредиКористена литература
уреди- Collier, Simon et al. (Ed.) (1992). The Cambridge Encyclopedia of Latin America and the Caribbean (Second. изд.). Cambridge University Press. ISBN 0-521-41322-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди- Проект Ајакучо Архивирано на 5 февруари 2009 г.
„Вариска култура“ на Ризницата ? |