Мотоки Номачи
Мотоки Номачи (р. 1976 во Токио, Јапонија) — професор во Слaвjaнско-евроазискиот истражувачки центар на Универзитетот Хокаидо, Сапоро, Јапонија. Специјализиран е за словенска лингвистика и општа лингвистика и е експерт за словенски микројазици.[1]
Мотоки Номачи | ||
Роден | 1976 година Токио, Јапонија | |
---|---|---|
Познат | истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на општата лингвистика. |
Животопис
уредиОбразование
уредиДипломирал во 2000 година, магистрирал по словенски јазици и литератури во 2002 година и докторирал во 2008 година на Универзитетот во Токио. Во 2002–2003 година го продолжил своето образование и истражувал на Универзитетот во Белград во Србија.[2]
Во 2003-2005 година, проф. Номачи истражувал и предавал јапонски јазик и култура на Универзитетот во Варшава во Полска. На 1 мај 2008 година се вработил како вонреден професор на Славјанско-евроазискиот истражувачки центар. Од 2010 година, работи како генерален уредник на една од периодичните списанија на Acta Slavica Iaponica.[2]
Научен пристап и трудови
уредиТој ги анализирал граматичките структури во словенските јазици од аспект на јазичната типологија, јазичниот контакт (aреална лингвистика) и историската лингвистика. Неговата научна кариера ја започнал како специјалист по руски јазик, особено неговата синтакса. Тој е социолингвист и специјалилист за јазична политика, јазично планирање и лингвистички пејзаж. Конкретно е заинтересиран за таканаречените словенски литературни микројазици и досега вршел бројни теренски студии во повеќе градови во Европа и други области. Исто така, бил активен организатор на разни меѓународни конференции за словенска лингвистика кои биле и се одржуваат на повеќе универзитети.[2]
Како член на Словенско-евроазискиот истражувачки центар на Универзитет Хокаидо – Сапоро, Јапонија од големо значење е неговиот научен труд „Никита Илич Толстој“ издание на МАНУ (2023).[2]
Тој е автор на бројни публикации и научни трудови кои се однесуваат на лингустиката, а се објавени во бројни научни гласила во светот. Тоа придонесе тој да биде познат и почитуван македонист кој се интересира за македонскиот литературен јазик и за јазикот на Македонците од Егејска Македонија раселени по светот.[2]
Во Градскиот архив на Москва ја пронашол Граматиката на македонскиот јазик, напишана во 1946-47 година од рускиот професор Самуил Борисович Бернштејн, која никогаш не била објавена и се сметала за исчезната 70 години. Граматиката била нарачана од Президиумот на АСНОМ, но откако во 1947 година се влошиле советско-југословенските односи поради резолуцијата за Југославија на Информационото биро, подготвениот слог во печатницата бил растурен и оттогаш му се изгубила трагата на ракописот.[3]
Награди
уредиДобитник е на наградите:
Наводи
уреди
Надворешни врски
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „野町 素己“. 北海道大学 大学院文学研究院・大学院文学院・文学部 (јапонски). Посетено на 2024-06-23.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Mar 4, S. |; Вести, 2024 |; Македонија | 0 |. „ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОН ЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА“. Mactel Australian Macedonian News (англиски). Посетено на 2024-06-23.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „ИСЧЕЗНАТИОТ ПРВ ТЕКСТ НА МАКЕДОНСКАТА ГРАМАТИКА ОД 1946 ГОДИНА НА РУСИНОТ БЕРНШТEЈН ПРОНАЈДЕН ВО МОСКВА ОД ЈАПОНСКИ ПРОФЕСОР“. Сакам Да Кажам. 2018-05-16. Посетено на 2024-06-23.
- ↑ „野町 素己准教授が第13回(平成28年度)日本学士院学術奨励賞を受賞“. 北海道大学 大学院文学研究院・大学院文学院・文学部 (јапонски). Посетено на 2024-06-23.
- ↑ „野町 素己准教授が第13回(平成28年度)日本学術振興会賞を受賞“. 北海道大学 大学院文学研究院・大学院文学院・文学部 (јапонски). Посетено на 2024-06-23.