Мост „Виктор Емануел II“

Мост „Виктор Емануел II“ или Понте Виториомост на реката Тибар во градот Рим, и го поврзува плоштадот Пасквале Паоли, во областа Понте, со Лунготевере во Ватикано (Борго).[1]

Мостот Виторио Емануеле II
Мост „Виктор Емануел II“
Местоположба
Карта

Опис

уреди
 
Мостот Виктор Емануел и скулптурните комплекси

Овој мост е изграден во 1886 година, според проект на архитектот Енио Де Роси. Пуштен е во употреба дури во 1911 година, по повод педесетгодишнината од обединувањето на Италија. Мостот го поврзува центарот (шеталиштето Виктор Емануел II) од областа наречена Борго со просторот на Ватикан. Местоположбата на оваа градба е веднаш до древниот Неронски мост и мостот Сан Анџело.

Конструкцијата на мостот е составена од три лака со вкупна должина од 110 метри. На краевите е украсен со високи подлоги на кои има статуи во форма на крилести Победи. Овие крилести победи се во допир со централните столбови на кои има симболични скулпторски групи. Овие елементи технички биле планирани, но и надгледувани за време на изградбата од страна на градежната група наречена Алегри. Бронзените скулптури кои ги репродуцираат Победите се дело на скулпторите Елмо Палаци, Лујџи Касадио, Амлето Каталди и Франческо Пиферети. Скулптурните групи биле создадени (и поставени) една година подоцна и тоа: од страна на Џузепе Ромањоли кој своето дело ги посветил на верноста кон Статутот (поставувањето се случило веднаш по битката кај градот Новара, во 1849 година) и Итало Грисели кој го изработил делото посветено на воената вредност (по битката кај Сан Мартино, во 1859 година). Џовани Николини своето дело го посветил на темата Политичка победа (по повод прогласување на Кралството Италија, во 1861 година). Чезаре Редуци пак своето дело го посветил на темата Таткото на нацијата (Виктор Емануел во Рим за време на поплавата во 1870 година ).[2]

За време на изградбата на мостот, во периодот 1889 до 1911 година, во непосредна близина на делот од долниот бил изграден привремен мост наречен мостот на Аларите, составен од два метални носачи.

Наводи

уреди
  1. Ravaglioli & 53.
  2. „Ponte Vittorio Emanuele II“.

Библиографија

уреди
  • . ISBN 88-8183-670-X. Text "Armando" ignored (help); Text "Ravaglioli" ignored (help); Text "Roma anno 2750 ab Urbe condita. Storia, monumenti, personaggi, prospettive" ignored (help); Text "1997" ignored (help); Text "Tascabili Economici Newton" ignored (help); Text "Roma" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)

Други проекти

уреди

Надворешни врски

уреди