Монторо (Италија)

општина во Кампанија, Италија

Монторо (италијански: Montoro, неаполски: Muntuorë; месно: Montorë) — општина во покраината Авелино на регионот Кампанија, јужна Италија. Седиште е гратчето Пјано.

Монторо
Montoro
општина
Поглед на Сант'Еустакио и Сан Пјетро
Поглед на Сант'Еустакио и Сан Пјетро
Грб на Монторо
Монторо во покраината Авелино
Монторо во покраината Авелино
ЗемјаИталија
РегионКампанија
ПокраинаАвелино (AV)
Управа
 • ГрадоначалникМарио Бјанкино
Површина
 • Вкупна40,14 км2 (1,550 ми2)
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население (2022)[1]
 • Вкупно19.195
 • Густина4,8/км2 (12/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.83025
Повик. бр.0825
Светец-заштитникНикола Толентински
Слава10 септември
Мреж. местоМатична страница

Историја

уреди

Општината е создадена на 3 декември 2013 г. по одржаниот референдум со кој се споени дотогашните општини Монторо Инфериоре и Монторо Супериоре (Долно и Горно Монторо).[2] Во 2015 г. добил статус на град со претседателски указ потпишан од Серџо Матарела.[3]

Географија

уреди

Општината се наоѓа во југозападниот дел на покраината, на границата со покраината Салерно. Се граничи со општините Брачиљано, Калванико, Контрада, Фишано, Форино, Меркато Сан Северино и Солофра.[4]

Поделоци

уреди

Општината има 15 поделоци:

  • Атерана
  • Банѕано
  • Боро
  • Калијано
  • Кјуза
  • Мишано
  • Пјано
  • Пјаца ди Пандола
  • Претуро
  • Сан Бартоломео
  • Сан Пјетро
  • Сан Феличе
  • Сант'Еустакио
  • Торкјати
  • Фиљоли

Сообраќај

уреди

Монторо го опслужуваат три железнички станици на линијата Беневенто-Авелино-Салерно: Монторо-Форино (во Пјано), Борго и Монторо Супериоре (меѓу Торкјати и Банцано).

До општината водат два излеза од автопатот RA2 Салерно-Авелино: „Монторо Југ“ (Montoro Sud) кај Пјаца ди Пандола и „Монторо Север“ (Montoro Nord) кај Торкјати.

Личности

уреди
  • Агостино Кардамоне (р. 1965) — боксер
  • Џузепе Де Фалко (1908-1955) — политичар
  • Лионело Де Феличе (1916-1989) — филмски режисер

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди