Фобија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Фобија претставува вид на болест, која е поврзана со стравот кој го чувствуваат луѓето. Сите понекогаш се плашат или стравуваат од нешто, но лицата заболени од фобија се плашат до таа мера што остануваат без свест. Зборот фобија потекнува од грчкиот збор fobos, што значи бегство, паника или страв. Медицински тоа значи, да се има страв од разни ситуации или предмети но без реална основа и повод. Луѓето со фобија најчесто се плашат од средба со тие предмети или ситуации. Лицето со знаци на фобија може да се препознаат по симптомите на паника кога прават несоодветни работи. На пример: страв од возење во лифт, тие лица никогаш не се качуваат во лифт, доколку се сами а доколку се во друштво и мора да се качат во лифтот почнуваат да паничат, односно како ќе застане лифтот. Истото се случува и кога имаат страв од височина или слични ситуации. Доколку се во контакт со лица што се плашат од нив тогаш почнуваат да пелтечат и да црвенеат или да им се потат рацете. Препорачливо е оваа болест да се лекува соодветно кај стручен лекар, а во домашни услови првично лицата да се соочат со стравот што го носат во себе.
Во фобични растројства спаѓаат:
- Агорафобија
- Социјални фобии
- Специфични фобии
Агорафобија
уредиАгорафобијата се одликува со интензивен фобичен страв од јавни места и од места на кои добивањето на медицинска помош, во случај на потреба,е отежнато (широки и отворени простори, како што се мостовите, плоштадите или пак големите затворени простории како што се трговските куќи, продавниците, театрите, кината итн). Стравот речиси секогаш има димензии на паника и е придружен со многубројни вегетативни феномени.
Социјална фобија
уредиСоцијалните фобии се пореметувања кои се одликуваат со нерационален страв од луѓе и какви било социјални ситуации-настани. Всушност, лицата со ова пореметување се плашат од сите ситуации при кои останатите луѓе може да ги набљудуваат и евентуално да ги “навредат”. Се работи за страв од настап при кој симптомите многу посилно се изразени отколку кога станува збор за нормална трема или нервоза пред настап на јавна сцена. Социјалните фобии обично се јавуваат после пубертетот, а врвот го достигнуваат во 20-тата година од животот. Повеќето социјални фобии се најевидентни на возраст помеѓу 20 и 35 години, што се причина за уништување на најдобрите години во животот.
Причини за настанување
уредиСпоред бихејвиоралните хипотези - фобиските симптоми се последица на абнормална когниција која се одликува како страв од негативна евалуација и предрасудa дека другите лица би биле премногу критични кон нив.
Психодинамските истражувања - упатуваат на улогата на отфрлување од страна на родителите, пред сè мајката, без разлика дали децата биле запоставени или презаштитени.
Биолошка теорија – го објаснува настанувањето на социјалните фобии како пореметување во функцијата на невротрансмитерските рецептори во мозокот и невроендокринолошките одстапувања.
Клиничка слика
уредиСоцијалните фобии не се само страв од вообичаените ситуации на јавни места, испити или средба со авторитети (ситуации кај кои сите луѓе чувствуваат само мала непријатност бидејќи се изложени на набљудување и оценување од страна на другите). Тоа може да биде и необјаснет страв од црвенеење во јавноста, страв од посрамување, дека би се задавиле од храната додека јадат пред други, од толпа, односно од сите ситуации каде човекот било директно, било индиректно чувствува дека некој друг ги набљудува, проценува, оценува, испитува.Кога се изложени на ситуации на страв, болните често манифестираат соматски симптоми на анксиозност како што се палпитации (тропање на срцето), треска, напнатост на мускулатурата, мака во стомакот, сувост на устата, топли и ладни бранови по телото, главоболка, итн...Социјалните фобии може да бидат толку силни што пациентите не се ужаснуваат само од директните контакти, туку и од телефонските разговори, па во поново време и од виртуелните комуникации како chat, sms… Накратко фобични може да бидат сите ситуации каде оној кој ја испраќа таа порака истовремено чувствува дека другата страна ја проценува, критикува и осудува.Драстичните примери на фобија опишуват случаи каде лицето кое страда од фобија не оди на работа, не се дружи со луѓе, не излегува од дома и сл. Полесните примери вклучуваат – повраќање пред испит, проливи и напади на паника, но сепак на крај се осмелуваат да ја завршат задачата од која се ужаснуваат.Понекогаш тоа им успева, понекогаш не, па од многу фобични поединци ќе слушнете дека не отишле на испит бидејќи не биле спремни или ќе измислат изговор за некоја неизвршена задача, што во суштина претставува одбранбен механизам. За жал, само одложувањето не е добро решение, бидејќи фобичниот поединец живее со тој страв и понатаму, имајќи предвид дека наредна ужасна ситуација е на повидок.Бидејќи ситуацијата за бегство од нереалната опасност постои, тоа е причина за зголемена продукција на адреналин и појава на симптоми како палпитации, ненадејно потење, бранови на топло-ладно, проливи, потреба за мокрење, и ред други симптоми кои се разликуваат од пациент до пациент. Симптомите на нападот на паника знаат да бидат толку силни што личноста мисли дека интензивниот страв може да и предизвика во моменотот мозочен или срцев удар.Во принцип, фобичните поединци, односно поединците со социјална фобија е прилично незадоволна со себе и својата активност, има ниска самодоверба, и изразито чувство на несигурност.Социјалната фобија е огромно оптоварување за личноста. Таквите поединци најчесто остануваат социјално изолирани, имаат слаб образовен степен, често се зависни од финансиски аспект, патат од дополнителни психијатриски пореметувања, често размислуваат за самоубиство, а неретко и го вршат.
Терапија
уредиОд психотераписките методи најуспешни се когнитивно-бихејвиоралните (промени во однесувањето и постепеното изложување на фобични ситуации), а по потреба може да се вклучат и медикаменти.Лековите кои се покажале генерално како најефикасни во терапијата на социјалната фобија се оние кои вршат инхибиција на ензимот моноаминооксидаза во ЦНС.Други корисни лекови се бензодијазепините, бета-блокерите и селективните инхибитори на повторното преземање на серотонинот.Во секојдневниот живот треба да се применуваат техники на медитација, и/или релаксација, редовно вежбање и правилна исхрана.Со помош на психотерапевт треба секојдневно да се менува сликата за самите себеси.Навиките во однесувањето од областа на самодовербата, активно заложување за себе, менување на погрешните, негативните и штетните уверувања, подигнување на емоционалната интелегенција се некои од корисните совети.Во случај на напад на паника треба да се применуваат техники на десензибилизација (намалување на чувствителноста), најчесто на пример со автосугесија, а потоа практикување на истите техники и во реалните ситуации.
Како да си помогнете сами? Првиот чекор кон подобрување на вашата состојба е признавањето за постоењето на проблем.Откако ќе си признаете дека вашиот страв е ирационален, ќе имате волја да си помогнете.За да го намалите негативното влијание на социјалната фобија, треба да процените кои ситуации ја активираат кај вас анксиозноста.За таа цел можете да си водите дневник со симптомите кои се појавуваат кај вас и ситуациите и настаните кои ги предизвикале.Зборувањето за проблемот е најважниот чекор кон напредокот. Доколку забележите дека некој во вашата околина страда од ваков или сличен проблем, разговорите со него ќе ви помогнат полесно да се соочите со овој тип на анксиозност.Пред да се одржува голем настан, како јавно говорење, вежбајте што ќе кажете и замислувајте си ги сите луѓе што ќе зјапаат во вас. Тоа ќе ви помогне да бидете подготвени кога ќе се застанете пред нив и ќе ја намали вашата вознемиреност.
- Неколку практични совети кои можете да ги применувате за постепено да се ослободите од негативното влијание на социјалната фобија.
- Воспоставувајте контакт со очите кога се поздравувате со некого.
- Бидете првите што ќе поздравите некој познат, не чекајте тој да ви пријде.
- Давајте почесто комплименти.
- Покажете интерес за другите луѓе, прашувајте ги за нивното здравје, семејство, хобија и сл.
- Во супермаркет или во бутик побарајте помош од вработените.
- Јадете во јавност со близок пријател или роднина.
- Дишете длабоко и бавно.
- Фокусирајте се на силните страни и талентите кои ги поседувате.
- Избегнувајте го или намалете го кофеинот што го консумирате.Кафето, чајот, енергетските пијалаци или чоколадото може да ги засилат симптомите на анксиозност.
- Намалете го алкохолот.Иако можеби тој ви помага да се опуштите пред другите луѓе, најдобро е да го избегнувате, затоа што го зголемува ризикот од напад на паника.
- Спијте доволно.Кога не сте доволно наспани, посклони сте кон анксиозност.Добриот одмор ќе ве држи смирени за време на социјалните ситуации.
Специфични фобии
уредиСпецифична фобија е ирационален страв од специфични предмети, објекти или ситуации.Специфичните фобии, како група, се меѓу најчестите анксиозни нарушувања, но често се помалку вознемирувачки од другите анксиозни растројства. Во период од една година, околу 13% од жените и 4% од мажите имаат некој вид на специфична фобија.Некои специфични фобии предизвикуваат помалку непријатности, додека други негативно влијаат на целокупното функционирање. На пример, жител на градот кој се плаши од змии може да нема проблем со избегнување на истите, но жител на градот кој се плаши од мали, затворени места како што се лифтови, често се среќава со својата фобија и има голем број на непријатности.Други специфични фобии, како страв од големи животни, темнина, или пак страв од странци, почнуваат рано во животот и изчезнуваат како што личноста старее. Други фобии, како што се стравот од глодачи, инсекти, бури, вода, височина, летање или затворени простории обично се развиваат подоцна во животот.Најмалку 5% од луѓето се плашат од крв, инјекции или повреда. Овие луѓе можат и да изгубат свест поради намалување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок, што не е случај и со други фобии и анксиозни растројства. Многу луѓе со други фобии и анксиозни нарушувања хипервентилираат (забрзано дишење). Хипервентилирањето може да направи да се почувствуваат како да ќе изгубат свест но всушност, тоа скоро никогаш не се случува.
Причини
уредиГраницата меѓу нормалниот страв и бесмислениот страв, како и фобиите е реска. Можеби тоа е причината што многумина пациенти многу доцна бараат помош. Најголемиот дел од нив се одлучуваат за помош дури тогаш кога ќе почнат да доживуваат т.н. генерализирана фобија, односно страв од многу работи истовремено, за на крај да не веруваат никому и во ништо. Причините се навистина разновидни.
„Една група причинители можат да бидат трауматски доживувања, односно страв да се доживува како пострауматска последица. На пример, при уривање на авион, експлозии или слично. Има уште една слична група, каде причината за стравот можат да бидат некои ситуации. На пример, ако на некој еднаш му се слошило во метро, сега се плаши да се вози, за повторно да не му се случи истото. А има и одредена група на фобии, за кои се` уште не сме пронашле разумна причина. Меѓутоа, она што е битно е дека дури и за оваа трета група на пациенти, шансите за успех во лекувањето се исто толку големи, колку и за првите две групи“ – вели Фигенбаум.
Симптоми
уредиСимптоми на фобија: анксиозност, паника, желба за бегство, привиди, страв од губиток на контрола, чувство на несвестица, немоќ на контролирање на стравот, забрзување на пулсот, бол во градите, грозница, вртоглавица, желудочна мачнина, обилно потење, топли бранови...
Видови специфични фобии
уреди- Арахнофобија
- Арахнофобијата претставува страв од пајаци; тоа е најчестата фобија и од неа страдаат голем број на луѓе, во помала или поголема мера. Луѓето со арахнофобија чувствуваат силно чувство на немир кога ќе се соочат со пајак, а исто така можат да се јават и телесни симптоми како потење и треперење секогаш кога ќе видат пајак. Арахнофобијата е почеста кај жените отколку кај мажите.
- Акрофобија
- Акрофобијата претставува страв од височини. Овој страв е тесно поврзан и со други фобии, како стравот од паѓање. Повеќето луѓе со акрофобија постојано избегнуваат да одат на повисоки места, бидејќи таквите посети кај нив предизвикуваат непријатни психолошки и физиолошки симптоми. Акрофобијата е многу честа, и повеќето луѓе општо земено чувствуваат страв од височини, повеќе или помалку.
- Клаустрофобија
- Клаустрофобијата е страв од затворен простор; вообичаено кај луѓето се развива овој претеран страв како резултат на чувство на заробеност. Луѓето со ова нарушување, особено ако истото е поизразено, избегнуваат да одат во затворени простори како пештери, тунели, па дури и лифтови.
- Аерофобија
- Аерофобијата е страв од летање. Многу луѓе страдаат од ова нарушување, и поради истото тешко се решаваат на патување со авион. Аерофобијата предизвикува силно чувство на нервоза и паника. Самото влегување во авион може да биде доволно некои луѓе да добијат напади на паника, меѓутоа паниката најчесто ги обзема овие луѓе при самото полетување на авионот, како и при приземјувањето, а се разбира паниката е многу поинтензивна кога авионот минува низ турбуленции.
- Некрофобија
- Тука станува збор за постојан страв од умирање или пак од мртви луѓе. И на повеќето луѓе не им се допаѓа помислата на смртта, но луѓето погодени од ова нарушување развиваат вистинска опсесија со смртта. Понекогаш овој страв е поврзан и со стравот од непознатото. Во најтешките случаи овие луѓе не само што се вознемируваат кога ќе видат мртовец, туку и кога ќе видат мртво животно, или пак кога ќе видат мртовец во весник или на телевизија доживуваат напади на силна вознемиреност.
- Страв од темнината
- Стравот од темнината уште е познат и по името никтофобија или скотофобија. Најчесто овој страв се јавува во периодот на во детството; повеќето луѓе го надраснуваат овој страв како што созреваат, но кај некои тој останува и во возрасниот период. Стравот од темнина може негативно да се одрази на навиките за спиење кај личноста, како и врз социјалните навики воопшто.
- Офидиофобија
- Офидиофобијата претставува страв од змии. Повеќето луѓе се плашат од змии, но некои луѓе чувствуваат силни симптоми на вознемиреност при самата помисла на змии, а не дај Боже и навистина да видат една.
- Страв од забар
- Сите ние се чувствуваме нелагодно при посета на забар, но некои луѓе штом ќе седнат на столчето добиваат вистински напади на паника, па така овие луѓе прават сè што можат за да не отидат на забар, дури и кога навистина имаат потреба од такво нешто. Оваа фобија се развива како резултат на негативни искуства од минатото, како и на страв од болка.
- Кинофобија
- Кинофобијата е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се јавува како последица на непријатно искуство со куче во минатото, како на пример ако личноста како дете била нападната од куче. Но покрај тоа, кинофобијата може да се развие и како последица на негативното претставување на кучињата во филмовите или телевизиските содржини.
- Хемофобија
- Хемофобијата е страв од крв и од крвавење. Повеќето луѓе коишто страдаат од оваа фобија се плашат од крв поради негативната претстава за крвта и крвавењето со која што се стекнуваат преку медиумите. Но вообичаено оваа фобија се развива и како последица на непријатно искуство од минатото.
- Софофобија односно страв од учење. Сигурно ако го кажете тој збор во училиште ќе се збунат неколку професорки и ќе ви дадат оправдување за неколку денови.
- Некои луѓе имаат страв од алкохол, па нивната дипсофобија ги спречува да се напијат некоја голтка, да се отпуштат и да заборават на сите стравови. Тука е и фобијата од виното која се вика оенофобија.
Лекување
уредиЛуѓето често можат да се справат со специфичната фобија со избегнување на предметот или ситуацијата од која се плашат. Кога е потребен третман, терапија со соочување со стравот е лек за избор. Лекарот може да ја спроведува терапијата за да се утврди дека се врши правилно, иако за овој тип на терапија не е неопходно неговото присуство. Овој метод успешно се применува кај луѓе кои имаат фобија и од крв и земање на крв од вена. Терапијата со лекови не е многу корисна за да се надмине проблемот со фобиите. Меѓутоа, бензодијазепините можат да овозможат кратка контрола врз фобијата, како што е на пример стравот од летање со авион.
- ↑ „NIMH · Post Traumatic Stress Disorder Research Fact Sheet“. National Institutes of Health. Архивирано од изворникот 2014-01-23.