Онон

река во Монголија и Русија

Онон (монголски: Онон гол, руски: Оно́н) — река во Монголија и Русија долга 818 км, со сливна површина од 94.010 км2. Извира во источните падини на венецот Хентиј. Тече низ Монголија во должина од 298 км. Потоа се спојува со реката Ингода и така ја образува Шилка. Реката претежно се напојува со топење на планинските снегови.[1]

Онон
Онон гол
Река
Онон во покраината Хентиј
Земји Монголија, Русија
Покраина Хентиј
Извор
 - место венец Хентиј
Утока Шилка
Должина 817 км
Слив 94.010 км2

Збирното течение на Онон, Шилка и Амур дава една од десетте најдолги реки во светот (818 км + 560 км + 2.874 км).

Во историјатаУреди

Горното течение на Онон е едно од подрачјата што се смета за родно место на Џингис Кан.

Книжевно-историографското дело „Тајната историја на Монголците“ (XIII век) вели:

На светот дојде еден „Борте Чоно“ (синосив волк) кому судбината му беше од горе пишана. Жена му беше „Гуа Марал“ (убава срна). Го преминаа внатрешното море, и кога се залогорија кај изворот на реката Онон со поглед на Бурхан Халдун, го добија првородениот, наречен Бат Цаган.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Координати: 51°42′21″N 115°50′40″E / 51.70583° N; 115.84444° E / 51.70583; 115.84444