Момини солзи (Фабержеово јајце)
Момини солзи — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено во 1898 година од ателјистот на Фаберже, Михаел Перхин. Тоа е едно од двете јајца во југендстил (другото е Темјанушки). Јајцето било направено во чест на царицата Александра Фјодоровна.
Момини солзи | |
---|---|
Година на изработка | 1898 |
Нарачател | Никола III, подарен на Александра Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Виктор Векселберг Фабержеов музеј |
Година на стекнување | 2004 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Михаел Перхин |
Употребен материјал | злато, дијамант, емајл, рубини, бисери |
Висина | 15,1 см (затворено) 19,9 см (отворено) |
Изненадување | портрети на Никола II и големите војвотки Олга и Татјана |
Моментално е поседувано од еден од руските олигарси, Виктор Векселберг, а е чувано во Фабержеовиот музеј во Санкт Петербург, Русија.
Дизајн
уредиЈајцето е покриено со бисери и на врвот има розов емајл. Јајцето има постолје од зелено-златни ливчиња со обработени дијаманти. Златните момини солзи имаат зелени емајлирани ливчиња и цвеќиња направени од злато нафрлени со рубини, бисери и дијаманти.[1]
Изненадување
уредиИзненадувањето на ова јајце е подигнато над јајцето со вртење на копче од златен бисер. Кога целосно ќе се крене, видливи се три портрети под царската круна поставена со рубин: царот Никола II и неговите две најстари ќерки, големата војвотка Олга и големата војвотка Татјана, насликани на слонова коска од Јоханес Ценграф. Портретите се врамени во розови дијаманти и поткрепени со златни панели на кои е впишан датумот 31 јули 1898 година.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Момини солзи на Ризницата ?
- Фаберже - богатства на Царска Русија