Темјанушки (Фабержеово јајце)
Темјанушки — императорско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петер Карл Фаберже за руското императорско семејство. Било изработено и доставено во 1899 година од ателјистот на Фаберже, Михаил Перхин. Јајцето било направено во чест на мајката на императорот Николај II, Марија Фјодоровна.
Темјанушки | |
---|---|
Претстава на изненадувањето во јајцето | |
Година на изработка | 1899 |
Нарачател | Николај II, подарен на Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Матилда Греј Стрим |
Година на стекнување | 1947 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Михаил Перхин |
Употребен материјал | злато, сребро, дијамант, емајл, бисери |
Висина | 14,6 см |
Изненадување | срце кое ги содржи портретите на семејството |
Тоа е едно од двете јајца во југендстил (другото е Момини солзи).
Дизајн
уредиЈајцето е направено од нефрит и има постолје направено од позлатено сребро во облик на гранки, кои се вртат околу подножјето на јајцето. Околу страните се наоѓаат пет темјанушки со емајлирани ливчиња. На врвот на јајцето е купола од нефрит, од каде излегува изненадувањето на јајцето.
Изненадување
уредиКога копчето е притиснато се откриваат минијатури на императорското семејство. Читајќи вертикално, оние во првиот ред се:
- големиот војвода Гиоргиј, најмладиот син на императорот и во тоа време престолонаследник
- големиот војвода Александар, зет на императорот
Во вториот ред се:
- самиот император
- големата војвотка Ирина, единствената внука на императорот
Во третиот ред се:
- големата војвотка Олга, првото дете на императорот
- големата војвотка Татјана, нивното второ дете
- големиот војвода Михаил, најмладиот брат на императорот
Во четвртиот ред се:
- императорката Александра Фјодоровна
- големиот војвода Андреј, внук на императорот
Во петтиот ред се:
- големата војвотка Олга, сестра на императорот
- големата војвотка Ксенија, сестра на императорот
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Темјанушки на Ризницата ?
- Детали за секое од Фабержеовите јајца