Момина Бавча (Доброшане)
„Момина Бавча“
| |
Местоположба | 42°6′1″N 21°45′25″E / 42.10028° СГШ; 21.75694° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Доброшане |
Општина | Куманово |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Момина Бавча — археолошко наоѓалиште во кумановското село Доброшане.
Претставува утврдена населба од доцноантичко време.
Се наоѓа на 3 км јужно од селото и на 8 км југоисточно од Куманово, десно од патот за Св. Николе. Лежи на тесен и зарамнет срт со правец на протегање северозапад-југоисток. Источната страна речиси вертикално му паѓа во коритото на реката Пчиња. На јужната и на западната страна теренот се спушта и се надоврзува на длабока поројна бразда. Пристапот до локалитетот е можен единствено од север, преку високиот рид [[Орловец, одделен со природно седло. Врвот на сртот е плато со форма на неправилен триаголник, со нерамна конфигурација. Според остатоците од архитектурата и површинските наоди може да се разграничи на акропол, населбински дел и предградие. Акрополот ги зафаќа највисоките позиции на ридот и неговата југоисточна падина и е ограден со масивен бедем. Од населбата е одделен со исто таков бедем на кој е фланкирана полукружна кула. Населбата се простира на сртот во должина од 210 м и приближна ширина од околу 70 м. На челната страна има широк одбранбен ѕид кој под агол од 90о се крши и продолжува како западен ѕид следејќи ја изохипсата на теренот. Западниот и источниот ѕид се на стрмна карпа, од која со ерозивните влијанија веројатно се лизнале надолу. Кај бочните ѕидови се забеле- жуваат остатоци од потпорки. Пред челниот ѕид на населбата, на понизок терен има мало подградие, наместа широко до 40 м, заштитено со ѕид кој со краиштата е врзан за бедемот од населбата. Поради позицијата на теренот, пред сè поради неговата вовлеченост во клисурата на Пчиња, се добива впечаток дека утврдувањето имало функција на рефугиум. Меѓутоа, ако се има предвид неговата големина од околу 4 хектара, грижливо градената архитектура, како и организацијата на просторот, не се исклучува можноста да се работи за некоја помала непозната градска населба од доцноантичкото време.[1]
Поврзано
уреди- Аниште — населба (викус) од доцноантичкото време;
- Дервен — населба од римското време;
- Момина Бавча — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време;
- Орловац — утврдување од доцноантичкото време;
- Горно Коњаре;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 206. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |