Молфзе (германски: Molfsee) — општина во округот Рендсбург-Екернферде, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се состои од три населени места: Молфзе, Рамзе и Шулензе. Се наоѓа на реката Ајдер, граничејќи се со покраинскиот главен град Кил.

Молфзе
Влезната порта на музејот
Влезната порта на музејот
Влезната порта на музејот
Грб на Молфзе
Молфзе во рамките на Германија
Молфзе
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Рендсбург-Екернферде
Месна заед. Молфско Езеро
Градоначалник Роман Хопе
Основни податоци
Површина 7,17 км2
Надм. височина 24 м
Население 5.086 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 709 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RD
Пошт. бр. 24113
Повик. бр. 0431, 04347 (Молфзе Дорф)
Портал www.molfsee.de
Местоположба на Молфзе во рамките на округот Рендсбург-Екернферде
Карта
Карта
Координати 54°15′51″N 10°3′56″E / 54.26417° СГШ; 10.06556° ИГД / 54.26417; 10.06556

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Молфско Езеро.

Молфзе е позната по нејзиниот огромен музеј на отворено наречен „Отворен музеј Шлезвиг-Холштајн“ (Schleswig-Holsteinisches Freilichtmuseum), кој бил отворен во 1965 година. Преку 70 регионални историски градби можат да се посетат. Постојат атракции како железница и занаетчии. Во текот на годината постојат специјални пазари.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди