Млечен Пат
Млечен Пат (народен назив: Кумова Слама) — спирална галаксија која припаѓа на месната група на галаксии во нашата вселена. Иако Млечниот Пат е само една од милијардата галаксии кои постојат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото ако матична на нашиот Сончев Систем.
Кумова Слама / Попова Слама | |
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата Млечен Пат | |
Податоци од набљудување | |
---|---|
Тип | Sb, Sbc или SB(rs)bc[1][2] (пречкеста спирална галаксија) |
Пречник | 150–200 исг (46–61 кпс) |
Дебелина на ѕвезд. диск | ≈ 2 исг (0,6 кпс)[3][4] |
Број на ѕвезди | 100–400 милијарди [(1–4)×1011][5] |
Маса | 0,8–1,5×1012 M☉[6][7][8][9] |
Момент на импулсот | ≈1⋅1067 J s[10] |
Оддал. на Сонцето од галактичкото Средиште | 26,4 ± 1,0 исг [11][12][13] |
Галактичка обиколка на Сонцето | 240 мг[14] |
Свртување на спиралата | 220–360 мг[15] |
Свртување на пречката | 100–120 мг[15] |
Брзина во однос на мирувачката рамка на КПЗ | 631 ± 20 км/с[16] |
Ослобод. брзина во Сончевата положба | 550 км/с[9] |
Густина на темната материја во Сончевата положба | 0,0088+0,0024 −0,0018 M☉pc−3 или 0.35+0,08−0,07 GeV cm−3[9] |
Поимот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над Земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон Галактичкото Средиште.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во пречник, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди. Во средината на „Млечниот Пат“ има супермасивна црна дупка која што се вика „Стрелец А*“.
Старост
уредиСтароста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашата вселена. Овие бројки се засноваат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
Местото на нашето Сонце
уредиСонцето, а со тоа и Земјата и Сончевиот Систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Орионов Крак, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсеци од Галактичкото Средиште. Далечината меѓу Орионовиот и Персеевиот Крак која е следна изнесува 6.500 светлосни години.
На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една обиколка околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на сончевиот Систем е околу 217 км2.
Иднината на Млечниот Пат
уредиНајновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.
Народни верувања во Македонија
уредиЛетно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[17]
Како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „На Млечниот Пат“ — филм на режисерот Емир Кустурица.[18]
- „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — песна на американската група Бордомс (Boredoms) од 1990 година.[19]
- „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.[20]
- „Под Млечниот Пат“ (англиски: Under the Milky Way) — песна на австралиската рок-група The Church од 1988 година.[21]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Gerhard, O. (2002). „Mass distribution in our Galaxy“. Space Science Reviews. 100 (1/4): 129–138. arXiv:astro-ph/0203110. Bibcode:2002SSRv..100..129G. doi:10.1023/A:1015818111633.
- ↑ Frommert, Hartmut; Kronberg, Christine (26 август 2005). „Classification of the Milky Way Galaxy“. SEDS. Архивирано од изворникот на 31 мај 2015. Посетено на 30 мај 2015.
- ↑ Coffey, Jeffrey. „How big is the Milky Way?“. Universe Today. Архивирано од изворникот на September 24, 2013. Посетено на November 28, 2007.
- ↑ Rix, Hans-Walter; Bovy, Jo (2013). „The Milky Way's Stellar Disk“. The Astronomy and Astrophysics Review. 21: 61. arXiv:1301.3168. Bibcode:2013A&ARv..21...61R. doi:10.1007/s00159-013-0061-8.
- ↑ Odenwald, S. (March 17, 2014). „Counting the Stars in the Milky Way“. The Huffington Post. Архивирано од изворникот на August 1, 2014. Посетено на June 9, 2014.
- ↑ McMillan, P. J. (July 2011). „Mass models of the Milky Way“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 414 (3): 2446–2457. arXiv:1102.4340. Bibcode:2011MNRAS.414.2446M. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18564.x.
- ↑ McMillan, Paul J. (February 11, 2017). „The mass distribution and gravitational potential of the Milky Way“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 465 (1): 76–94. arXiv:1608.00971. Bibcode:2017MNRAS.465...76M. doi:10.1093/mnras/stw2759.
- ↑ Kafle, P.R.; Sharma, S.; Lewis, G.F.; Bland-Hawthorn, J. (2012). „Kinematics of the Stellar Halo and the Mass Distribution of the Milky Way Using Blue Horizontal Branch Stars“. The Astrophysical Journal. 761 (2): 17. arXiv:1210.7527. Bibcode:2012ApJ...761...98K. doi:10.1088/0004-637X/761/2/98.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Kafle, P.R.; Sharma, S.; Lewis, G.F.; Bland-Hawthorn, J. (2014). „On the Shoulders of Giants: Properties of the Stellar Halo and the Milky Way Mass Distribution“. The Astrophysical Journal. 794 (1): 17. arXiv:1408.1787. Bibcode:2014ApJ...794...59K. doi:10.1088/0004-637X/794/1/59.
- ↑ Karachentsev, Igor. „Double Galaxies §7.1“. ned.ipac.caltech.edu. Izdatel'stvo Nauka. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 5 април 2015.
- ↑ Gillessen, S.; и др. (2009). „Monitoring stellar orbits around the massive black hole in the Galactic Center“. Astrophysical Journal. 692 (2): 1075–1109. arXiv:0810.4674. Bibcode:2009ApJ...692.1075G. doi:10.1088/0004-637X/692/2/1075.
- ↑ Boehle, A.; Ghez, A. M.; Schödel, R.; Meyer, L.; Yelda, S.; Albers, S.; Martinez, G. D.; Becklin, E. E.; Do, T.; Lu, J. R.; Matthews, K.; Morris, M. R.; Sitarski, B.; Witzel, G. (October 3, 2016). „AN IMPROVED DISTANCE AND MASS ESTIMATE FOR SGR A* FROM A MULTISTAR ORBIT ANALYSIS“ (PDF). The Astrophysical Journal. 830 (1): 17. arXiv:1607.05726. Bibcode:2016ApJ...830...17B. doi:10.3847/0004-637X/830/1/17.
- ↑ Gillessen, Stefan; Plewa, Philipp; Eisenhauer, Frank; Sari, Re'em; Waisberg, Idel; Habibi, Maryam; Pfuhl, Oliver; George, Elizabeth; Dexter, Jason; von Fellenberg, Sebastiano; Ott, Thomas; Genzel, Reinhard (November 28, 2016). „An Update on Monitoring Stellar Orbits in the Galactic Center“. The Astrophysical Journal. 837 (1): 30. arXiv:1611.09144. Bibcode:2017ApJ...837...30G. doi:10.3847/1538-4357/aa5c41.
- ↑ Sparke, Linda S.; Gallagher, John S. (2007). Galaxies in the Universe: An Introduction. стр. 90. ISBN 9781139462389.
- ↑ 15,0 15,1 Gerhard, O. (2010). „Pattern speeds in the Milky Way“. arXiv:1003.2489v1. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Yehuda Hoffman, Daniel Pomarède, R. Brent Tully & Hélène M. Courtois (22 август 2016). „The dipole repeller“. Nature Astronomy. arXiv:1702.02483. Bibcode:2017NatAs...1E..36H. doi:10.1038/s41550-016-0036. Архивирано од изворникот на 3 март 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.
- ↑ Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 86.
- ↑ YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms
- ↑ Weather Report – Weather Report (пристапено на 7.4.2024)
- ↑ YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
Надворешни врски
уреди„Млечен Пат“ на Ризницата ? |
- Написи за Млечниот Пат — Македонско астрономско друштво (македонски)
- НМ (25 април 2018). „Направена тридимензионална мапа на Млечниот Пат“. Нова Македонија. (македонски)
- Стојановска, Невенка (1 август 2018). „Колку тежи Млечниот Пат“. Емитер. (македонски)
- „Уникатно откритие за Млечниот Пат го објаснува феноменот "Големата привлечност"!“. Ексклузив. февруари 2017. Архивирано од изворникот на 2019-07-25. (македонски)
- Анимирана прошетка низ Млечниот Пат Архивирано на 12 јуни 2013 г. — Универзитет на Јужен Велс (англиски)
- Млечен Пат — 3Д карта
- Млечен Пат — широк поглед од 9 милијарди пиксели Архивирано на 6 август 2017 г..