Михри Ахба, Михри Мишвик Ханим (турски: Mihri Müşfik Hanım), Михри Разим (26 февруари 1886 – ок. 1954) била една од првите турски сликарки и првата современа турска уметница која студирала сликарство.[1] Нејзината сликарска техника главно се засновала на портрети. Таа изработила портрети на многу познати луѓе, вклучително и оние на Мустафа Кемал Ататурк и на Папата Бенедикт XV.

Михри Ханим
Роден(а)Михри Ахба
26 февруари 1886
Баклатарлази, Кадиќој, Истанбул, Отоманско Царство
Починал(а)ок. 1954
Њујорк, САД
Почивалиште
гробишта Харт Ајланд, Њујорк
СопружникМишфик Селами Бег
Полно име
Михри Мишфик Ханим
ДинастијаАбхазиска династија
ТаткоАхмед Разим Паша Ахба
МајкаФатма Нешедил Ханим
Вероисповедислам

Животопис

уреди

Почеток на животот

уреди

Ексцентричната и боемска сликарка Михри Мушфик Ханим е родена како принцеза во династијата Ачба, во палатата Разим Паша, близу до Кадикој во Истанбул на 26 февруари 1886 година.[2] Нејзиниот абхазиски татко, д-р Ахмед Разим Паша, бил специјалист по анатомија и инструктор во Военото медицинско училиште. Во формални документи и семејни писма, тој воедно се назначува и како претседател на оваа институција. Префинетиот вкус и интерес за музиката, сликарството и литературата на д-р Ахмед Разим Паша веројатно одиграле важна улога во уметничкото обликување на неговата ќерка. Во прилог на неговата репутација на лекар, Разим Паша бил познат и по неговиот интерес за музика и за играње на саз при вечерните дружења. Во овие активности, тој служел како пример на елитите на Истанбул од тој период за отвореност кон "западната флексибилност'. Мајката на Михри Ханим, принцезата Фатма Нешедил Ханим, била една од сопругите на Разим Паша. Нејзината помлада сестра Енизе Ханим била мајка на сликарката Хале Азаф, друга истакната уметница од крајот на османлиското општество.

Заминување во Европа

уреди

Со оглед на типичното западно образование, Михри Ханим се заинтересирала за литературата, музиката и сликарството. Нејзините први приватни часови по сликарството биле со италијанскиот ориенталистички уметник, Фаусто Ѕонаро, во неговото студио во истанбулскиот кварт Бешикташ-Акаретлер.[1] Михри Ханим потоа се вљубила во некој италијански режисер на акробатско друштво кое било во посета на Истанбул, а потоа и самата заминала за Рим. Оттаму потоа заминала во Париз, очигледно сакајќи да биде дел од уметничките кругови. Одредено време живеела во некој стан во Монпарнас, заработувајќи со сликање на портрети и изнајмувајќи соба на студенти. Еден од овие потстанари бил и Мишфик Селами Бег, студент на политика на Универзитетот на Сорбона, со кого таа подоцна се омажила.[2] Мишфик Бег бил син на Селами Бег, позната личност од Бурса. Тој бил заинтересиран за политика, историја и литература. Датумот на стапување во брак со него е непознат.

Враќање во Истанбул

уреди

Михри Ханим во Париз се запознала со Џуит Бег, османлиски министер за финансии, кој во Париз дошол заради договор со француската влада после Балканските војни. Телеграмите испратени од Џуит Бег до министерот за образование препорачувале Михри Ханим да биде назначена за професор по уметност во Истанбул на Педагошката уметничка школа за девојки во 1913 година. Кога Училиштето за применета уметност за девојки било основано во 1914, таа била вработена како директор и како професор по ликовна уметност[1], по завршување на назначувањето на математичарот Салих Зеки Бег. Придонесите на Михри Ханим во Училиштето за применета уметност за девојки бил значителен и револуционерен.

„Нова книжевност“

уреди

Михри Ханим, исто така имала пријатели и меѓу поетите на „Новата книжевност“ (турски: Edebiyat-ı Cedide), особено еден од нејзините водачи, Тевфик Фикрет. Групата Едебијат-и Џедиде сочинувала книжевно крило со француско уметничко влијание популарно кај отоманската интелигенција на крајот на Отоманското Царство а Михри Ханим може да се каже дека била претставник на истото тоа движење, но во рамки на сликарството. Таа имала посебно место меѓу уметниците од оваа група. Куќата на Тевфик Фикрет во Ашијан станала нејзино студио за некое време, како што се гледа во неговите белешки:

"Има една жена горе која ги бои моите портрети. Таа толку прекрасно ги толкува моите стихови - изненаден сум да откријам дека моите зборови се толку значајни. Таа почна да ме опишува мене на мене. Колку оттуѓен сум станал од моето пишување."

Едебијат-и Џедиде поетите биле под влијание на реализмот, парнасизмот и симболизмот кои доминирале во француската книжевност во 19 век. Симболиката на Едебијат-и Џедиде поезијата се чини дека оставила влијание и во делото на Михри Ханим. Посетата на Михри Ханим на новинарот Хусејн Џахит Јалчин и осудениот екс-министер за финансии, Џавит Бег, довеле до критики во врска со нејзиното однесување. Како одговор, во 1919 таа и нејзините студенти отишле во весникот Танин, за да ги отфрлат наводите. Нејзините блиски релации со Комитетот за Унија и Прогрес на крајот ја принудиле Михри Ханим да го напушти Цариград, окупиран од Сојузничките сили и да замине за Италија во 1919 година. 

Во Италија

уреди

Кон крајот на 1922 година, таа повторно заминала во Италија и таму ставила крај на нејзиниот брак со Мишфик Бег. Тие се развеле во 1923 година. Таа имала љубовна врска со италијански поет Габриеле Д‘Анунцио и преку него нашла можност да го наслика портретот на папата, како и да работи на реставрација на фреските во некоја црква. Михри Ханим се запознала со Габриеле Д‘Анунцио преку нејзиниот пријател, сликар Ренато Броци, и се допишувала со него преку Броци. Тие двајцата повремено зборувале за неа во нивната кореспонденција. На 4 февруари 1926 година, Д‘Анунцио му напишал на Броци: "Каде е Турчинката? Немам слушнато за неа. Ако ја видиш прегрни ја од мене, но таа прегратка мора да биде на ага во харем". Во едно друго писмо, напишано на 26 август 1926 година, "Турчинката", повторно била спомената: "Каде е одалиската Михри? Што прави?" Очигледно, наспроти напорите на Михри Ханим, како професионален сликар, овие италијански сликари повеќе се интересирале за нејзиниот ориентален шарм.

Подоцнежни години и смрт

уреди

Михри Ханим се вратила во Турција кратко по основањето на Републиката. Тука, таа го насликала портретот на Ататурк и лично му го претставила во Претседателската резиденција Чанкаја во Анкара.

Михри Ханим потоа патувала за Рим, во Париз, а потоа во САД (Њујорк, Бостон, Вашингтони Чикаго). Деталите за нејзиното заминување од Турција и доаѓањето во Америка не се одредени. Сè уште не е јасно кога таа пристигнала во Америка, иако во Њујорк Тајмс од 25 ноември 1928 година имало известување дека колекција на делата на Михри Ханим ќе бидат изложени во Галеријата Џорџ Мазироф помеѓу 26 ноември и 15 декември, што укажува дека таа всушност била во Њујорк по 1928 година.

Помеѓу 1938 и 1939 година, таа работела како протоколарна водителка на Светската изложба во Лонг Ајленд, Њујорк. Во текот на овој период, таа го насликала портретот на Резан Јалман, сопругата на новинарот Ахмет Емин Јалман, кој живеел во Њујорк. Таа, исто така, наводно, направила повеќе илустрации за различни списанија објавени во Њујорк за време на Втората светска војна. Таа последните години ги поминала во сиромаштија и била погребана на гробиштата во Харт Ајленд, Њујорк, во 1954.[се бара извор]

Изложби

уреди

1928, самостојна изложба, галерија Џорџ де Мазироф, Њујорк

1918, самостојна изложба, Истанбул

1917, изложба во Женското друштво на уметностите.[1]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Mihri Müşfik“. www.turkishculture.org. Посетено на 2018-03-22.
  2. 2,0 2,1 Bardakçı, Murat (2015-03-02). "Mihri Rasim'in saklı hayatı". Habertürk (in Turkish). Retrieved 2015-03-15.