Михајло Николовски

Михајло Николовски (роден на 28 ноември 1934 година во Битола - починал на 20 август 1994 година во Скопје) — македонски композитор.[1] Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Михајло Николовски
Роден(а)28 ноември 1934
Битола
ПотеклоМакедонија Македонија
Починал(а)20 август 1994
Скопје
ЗанимањаКомпозитор

Животопис уреди

Михајло Николовски е роден на 28 ноември 1934 година во Битола. Првите допири со музиката ги имал со староградските песни во домашната атмосфера, каде неговиот вујко имал семеен мандолински оркестар. Во февруари 1947 година станал еден од првите ученици на новооснованото нижо музичко училиште во Битола. Вниманието го свртил уште како ученик во Средното музичко училиште во Скопје, кога подучуван и насочуван од професорот Властимир Николовски ги направил своите први творечки чекори. Своето образование го продолжил на Музичката академија во Белград. Таму студирал и дипломирал на Наставно-теоретскиот оддел во 1960 година, а паралелно учел и композиција кај композиторот Милутин Раденковиќ.

По враќањето во Битола го иницирал основањето на Средното музичко училиште, станал негов директор и едновремено ја интензивирал и ја збогатил дејноста на аматерскиот хор „Стив Наумов“ раководејќи со него и придонесувајќи за радикален позитивен пресврт во неговата концертна активност. Во почетокот на 70-тите години се преселил во Скопје, каде што најнапред работел во Македонската радио-телевизија, а набргу потоа станала професор на Високата музичка школа (денес Факултет за музичка уметност), каде што останал до крајот на својот живот.

Во еден мандат бил и декан на оваа високошколска установа. Творечкото кредо на Михајло Николовски започнал да се формира уште во времето на средношколските години и се манифестира низ неколкуте камерни и хорски композиции настанати во педесеттите години во кои преовладува неороматичарскиот музички израз.

Михајло Николовски е автор на над 120 композиции од кои некои (како што е Сонатата за виолина и пијано) спаѓаат во најуспешните во својот жанр во севкупната македонска музичка литература. Автор е и на повеќе покрупни форми (Концерт за хорна, пијано и оркестар – 1978; Илинден – ораториум за тенор, бас, рецитатор, мешан хор и оркестар – 1980; Македонија – кантата за низок глас, рецитатор, мешан хор и гудачки 96 47 Македонски композитори 97 оркестар – 1984; Концерт за виолина, гудачи и удиралки – 1989), а во дел од нив (во вокално-инструменталното творештво) се инспирира од теми сврзани со македонското историско минато.

За своето творештво Михајло Николовски е добитник на голем број стручни и општествени награди и признанија[2].

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Николовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1053. Text "series " ignored (help)
  2. „Михајло Николовски“. http://sokom.mk/. Посетено на 2020-08-25. Надворешна врска во |publisher= (help)