Мирко Јанков
Мирко Перов Јанков ( 1922 во Побожје ― 1945 во Побожје) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Мирко Јанков | ||
Роден | 1922 година Побожје, Скопско | |
---|---|---|
Починал | април/мај, 1945 година Побожје, Скопско ранет во битка, па подлегнал на последиците |
Животопис
уредиРоден е во сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување добиток. Во септември 1944 година стапил во 16 македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на Бригадата против балистите на падините на Скопска Црна Гора. Потоа продолжил со својата единица да ги гони балистите по Косово. На Сремскиот фронт учествувал при пробивот и во натамошните секојдневни тешки битки, што се воделе против непријателот. Во април 1945 година во една од битките бил тешко ранет. Како тешко повреден бил пуштен дома. Меѓутоа, од добиените повреди нарбгу починал и бил погребан во родното село Побожје.