Мириел Барбери (француски: Muriel Barbery, родена на 28 мај 1969 во Казабланка) — француска писателка и професор по филозофија.

Мириел Барбери
Мириел Барбери
Роден/а28 мај 1969
Казабланка, Мароко
Занимањероманописец
филозоф
Националностфранцузинка
Период2000 година

Биографија

уреди

Мириел Барбери е родена на 28 мај 1969 година во Казабланка, Мароко. Учела во градот Со, додека од 1990 година студирала на Факултетот за хуманитарни науки „Екол Нормал“ во Париз, коде завршила во 1993 година со диплома по филозофија. По дипломирањето работела како професор по филозофија во Бургундскиот универзитет во Дижон, и во Институтот за обука на наставниците во Сен Ло.

Заедно со работа започнала да пишува. По барање на нејзиниот сопруг, фотографот Стефан Барбери, своите текстови ги испратила во издавачката куќа „Галимар“. Првиот нејзината роман „Лакомството“ бил издаден во 2000 година. Тој станал бестселер и за романот и била доделена награда за најдобра книга поврзана со кулинарство.

Вториот нејзин роман „Елеганцијата на ежот“ бил објавен во 2006 година. Многу бргу романот станал бестселер на меѓународно ниво и бил награден со голем број награди. Овој роман на Барбери и донесува светска слава. Во 2009 година, романот бил екранизиран во филмот „Le hérisson“.

За да побегне од медиумскиот успех и да се оддаде на страстта кон јапонската култура, во 2008 година таа ја напуштила својата работа и во текот на две години живеела со сопругот во Јапонија, а потоа во Амстердам, Холандија.

Во 2015 година бил издаден романот „Животот на џуџињата“ инспириран од пејзажите и уметноста на Јапонија.

Нејзините дела се преведени на над 30 јазици во светот[1] со повеќе од милион продадени копии[2].

Наводи

уреди
  1. Marianne No. 528, 2–8 June, p. 76
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-07-27. Посетено на 2017-01-22.

Надворешни врски

уреди