Mиомот (myoma uteri) е најчест доброќуден тумор на утерусот.Граден е од глатки мускулни влакна (како и миометриумот) и од сврзно ткиво заради што и е наречен фибромиом. Може да се развие во кој и да биоло дел од утерусот и на повеќе места истовремено. Миомите се обично сместенио само во корпусот, а дури во 2% се јавуваат и во цервиксот. Миомот е тумор кој расте постепено. Го обвиткува глатка капсла преку која добива храна.

Миом на матка
Uterine Fibroids
СпецијалностОнкологија Уреди на Википодатоците
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Поделба според локализација

уреди
 
Приказ на можните пложби на миомите

Миомите ги делиме според локализација на три главни групи:

Интрамуларни миоми

уреди

Интрамуларните миоми се сместени во ѕидот на матката. Кога се мали, обично не прават никакви пречки, но кога стануваат мултипни или се наголемуваат, се наголемува и големината на утерусот. Некои од овие стануваат супсерозни, а некои субмукозни. Миомот може да се шири и помеѓу листовите на пликалата.

Субмукозни миоми

уреди

Субмукозните миоми се избочуваат во празнината на матката. Ендометриумот над миомот станува потенок, а по менструацијата потешко се опоравува. Затоа кај субмукозниот миом се чести менструациските неуредности, менорагиите и метрорагиите. Контрациите на утерусот можат субмикозниот миом, кој често виси на дршка, да го истисне во цервикалниот канал и да го „роди“ во вагината.

 
Голем субсерозен миом

Субсерозен миом

уреди

Субсерозен миом (миом кој е локализиран на самата површина на матката и е покриен со серозната обвивка), Ако се големи и притискаат на бешиката можат да предизвикаат проблеми со мокрењето, ако се на задниот дел од матката можат да предизвикаат болки во долниот дел од грбот, ако пак притискаат на правото црево можат да предизвикаат опстипација.

  • Во посебна група ги издвојуваме петелкастите миоми – растат на петелка (дршка), можат да се наоѓаат во матката или надвор од неа. Миомите на петелка се најчесто субсерозни миоми кои се прицврстени за матката со потенка или подебела петелка. Миом кој „се раѓа“ е субмукозен миом на петелка кои излегува низ грлото на матката во вагината, па може да се види со обичен гинеколошки преглед.

Секундарни промени и компликации

уреди

Миомите нормално атрофираат во постменопаузата. Во бременоста растат, но по бременоста повторно ја добиваат поранешната големина. Хијалната дегенерација ја предизвикува намаленото снабдување со крв на хомогеното безбојно ткиво ги надоместува мускулните клетки. Таа хијална материја може да ресорбира и во неа настануваат празнини, тогаш зборуваме за цистична дегенерација. Наталожувањето на калциомовите соли се нарекува калцификација. Некроза настанува од во околу 5% од случаевите (често во пурпериумот) поради престанување на крвотокот во еден дел или во целиот миоматозен јазел. Сарком се развива во 1-2% од случаевите на миомот, а што порано се сметало за магилна алтернација. Компликации можат да настанат и поради инфекција копја најчесто настанува во субмукозните миоми. Могу сериозна и неочекувана компликација може да предизвика торзија-зголемување на субсерозниот миом на дршка, со слика на акутен абдомен.

Клинички слики

уреди

Миомот, тумор на генеративната фаза на жената, најчесто се јавува помеѓу 35 и 50 година од животот на жената. Касј секоја четврта или петта жена по 40 година од животот може да се утврди помал или поголем миом. Најчесто тој тумор не причинува никакви пречки.

Симптоми

уреди

Симптомите зависат од големината и бројот на миомите, од нивното сместување, дегенеративните промени и компликации.Миомите понекогаш не предизвикуваат никакви симптоми и често можат да бидат откриени при рутински гинеколошки прегледи. Но најчестите симптоми кои ги предизвикуваат се:

  • Метрорагијата (неправилно крварење од матка);
  • Дисменореа (болни менструации);
  • Диспареунија (болки при полов однос),
  • Напнатост во мала карлица или силна нагла болка заради некроза или торзија (увртување) на висечки миоми пратена со акутен абдомен а ако некротичните миоми се инфицираат може да предизвикаат високи, септички температури;
  • Зачестено мокрење поради притисок на мочен меур, делумна или целосна опструкција на уретерот што се манифестира како бубрежна болка;
  • Неплодност, што е случај кај околу 3% од неплодни пациентки;
  • Запек, што е резултат на притисок на голем миом на ректо-сигмоидниот дел на дебело црево;
  • Јака болка и обилно крварење;
  • Венска стаза и тромбофлебити поради притисок на вените во мала карлица;
  • Спонатни абортуси, кои се двапати почести кај жени со миоми.

Важно е да се зане дека повеќето мали, особено интрамуралните и субсерозните миоми, не прават пречки ниту предизвикуваат какви и да било објективни симптоми. Бременоста и раѓањето често имаат нормален тек. Миомите обилно се наголемуваат, меѓута по раѓањето се враќаат во претходната големина. Можнна и се, иако ретки, и многу сериозни компликации во бременоста, раѓањето и пуерпериумот. Најчесто е тоа поради некрозата на миомот.

Лекување

уреди

Експектативно

уреди

Многу од миомите не се третирaат, т.е не се подложувaат на лекување. Малите асиптоматски миоми се откриваат дури во текот на гинеколошкиот преглед. Бидејќи кај миомот можат да настанат дегенеративни промени и компликации, потребно е на секоја жена со миом да и се советувa редовни гинеколошки прегледи.Ако се појават неуредни крвавења, болки или кој и да било други симптоми, болната треба веднаш да бара довет од лекарот.

Палијативно

уреди

Ако симптомите се благи, слаби, на пр. туку што назначени монорагии, тогаш се препорачува палијативна постапка, мирување во постела, давање на егрометрин во текот на крвавењето, евентуално давање на машки полови хормони. Така се постапува сè до менопаузата, кога миомите сами атрофираат. Слично се постапува и кај миомите без поголеми компликации( се мисли на миомите кои не даваат поголеми компликации), а постојат контраиндикации за оперативен зафат(срцеви, бубрежни болести)

Хируршка терапија

уреди

Таа е индицирана кога туморите се поголеми, кога растат, кога крвавењата се значителни и кога настапуваат компликации. Кај младите жени најчесто доаѓа предвид кистерктомија, отстранување на целата матка ппо абтоменален и вагинален пат. За лекувањето на миомите се користат следните хируршки зафати:

  • Миомектомија - оперативен зафат при кој се отстрануваат миомите, без при тоа да се отстрани и дел од здравото ткиво. Се препорачува за жени кои имаат намера да раѓаат. Миомектомијата може да се изврши како класична операција на стомакот, лапароскопски или хистероскопски. Изборот на видот на операцијата зависни од местоположбата и големината на миомот. Негативна страна е што после операцијата може да се појават нови миоми.
  • Хистероктомија – операција при која се отстранува целата матка. Оваа операција е единствена сигурна гаранција дека миомите нема повторно да се појават. Се прави во случај на големи миоми со тешки крварења, ако жената нема намера веќе да раѓа деца и ако не се наоѓа близу до менопаузата. Може да се изврши како класична операција или во случај на помал миом и лапароскопски.
  • Ендометријална аблација – се уништува ендометриумот. После оваа операција кај половина од жените веќе не се јавува крварење, а кај повеќето од останатите е многу намалено. Негативна страна е што после овој зафат, жената повеќе не може да раѓа.
  • Миолиза – во миомот се внесува посебна игла и со пуштање на електрична струја или замрзнување миомот се уништува. Обично операцијата е лапароскопска.
  • Емболизација на миомот – многу мали парченца пластика или гел се внесуваат во крвниот сад кој го снабдува со крв миомот и се спречува дотокот на крв. Тоа предизвикува миомот да се намали. Се применува кај жени кои не сакаат повеќе да раѓаат.

А исто така се прави и хемотерапија, радиоактивно зрачење.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


  1. Гинекологија и акушерство-Проф. д-р Предраг Дрбњак, Проф. д-р Едуард Баршиќ, Дец. д-р Глигор Палачевски
  2. Миом на матка