Миодраг Младен Милиќ ( 1921Скопје19 јануари 1942 во Ловац, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Миодраг Милиќ
Роден 1921 година
Скопје, Македонија
Починал 19 јануари, 1945 година
Ловац, Србија

Животопис

уреди

Во Скопје го завршил основното училиште и гимназијата. По окупацијата бил присилен да го напушти Скопје и да замине за Србија, во родното место на татка си, во Горна Трепча, кај Чачак. Во Србија се поврзал со Народноослободителното движење и активно учествувал во заднинската борба против окупаторот. Во 1943 година заминал во партизани. Подоцна станал борец во Десеттата српска ударна бригада. Бил учесник во голем број борби против Германците и домашните предавници. На 19 јануари 1945 година, во завршните борби за ослободување на Југославија, храбро загинал во борбите против непријателот кај Ловац, до Ерделик во Срем.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 93. На |first= му недостасува |last= (help)