Милци (Богородица)
„Милци“
| |
Местоположба | 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° СГШ; 22.54889° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Богородица (Гевгелиско) |
Општина | Гевгелија |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Милци — некропола од железното време кај селото Богородица во општина Гевгелија. Се наоѓа на 500 м од мостот на Вардар, од левата страна на автопатот што води кон граничниот премин Богородица. Со заштитните археолошки ископувања, изведени во 1979 година се откриени 45 гроба со конструкции од камени плочи - тип циста, а со систематските ископувања во 1983 година уште 14 гроба. Во нив се најдени керамички садови, украсни предмети од бронза и оружје што му припаѓаат на времето од почетокот на VII до крајот на VI век пред н.е. Во текот на 1995 година се откриени уште 5 гроба од истиот тип со што се проширени границите на некрополата на исток, кон матичната населба на ридот Кофилак или Богородички Рид. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Музејот во Гевгелија.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 101. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |