Миле Дупор
Миле Дупор е роден на 14 ноември 1905 во Грачац, село во јужниот дел на Лика, во Задарската жупанија, околу еден часот по полноќ, а умрел 1981 во Риека. Еден од најзначајните астролози на ХХ век и можеби најголемиот Југословенски и Јужнословенски астролог на сите времиња. Неговото епохално дело „Не верувајте - проверете“, денеска претставува еден од најпотполните и најцитираните учебници по натална астрологија, кој неминвно се наоѓа на секоја работна маса на денешните астролози – почетници, но секако и на големите имиња поврзани со оваа наука на Балканот.
Иако роден во Лика, целиот живот го поминува на островот Корчула, работејќи како цариник во морското пристаниште. Фукцијата која ја извршува му овозможува, полесно да добива порачки на книги, списанија и литература од западниот свет, кои во периодот меѓу двете светски војни речиси и да биле непознати за библиотеките на тогашна Југославија. Во слободното време на островот се посветува на изучувањето на науката стара неколку илјади години, иако има интерес и големи познавања и од медицината, хемијата, физиката, херметизмот и грстот странски јазици, но сето тоа само во служба на главната судбинска предодреденост - астрологијата. Доста неразбран од околината и од своите пријатели, решава да делува од сенка, не сакајќи да се експонира премногу во јавниот живот.
Негативните искуства на човек кој се занимава со наука која што ѕирка во приватноста, но и во иднината на поединците, се најевидентни во неговото делување: според неговите лични записи, кога во 1934 година, за својот прв астролошки труд и еден од првите учебници за натална астрологија на Балканот, „Вовед во моредната астрологија“, министерството за финансии на Кралството Југославија бара мислење од Филозофскиот факултет, дали авторот на овој труд треба да се прогласи за „абнормален“ и да се отстрани од државната служба. Оттогаш сите наредни трудови ги објавува со скромни финансии кои тој самиот макотрпно ги вложува, печатејќи ги своите трудови во одвај стотина примероци и чекајќи на времето неминовно да го направи своето.
Огромната немаштија во времето на Втората светска војна го приморува да изработува стручни хороскопи за еден литар масло за јадење и една зелка. Иронијата е дотолку поголема што тие хороскопи кои ги изработувал се остварувале неверојатно точно. Самиот наведува дека некои од нив сопствениците сѐ уште си ги чуваат како реликвија, па можат и да се проверат.
Ги предупредил најдобрите пријатели дека пресметувајќи, заклучил оти најверојатно на 9 септември 1944 година ќе се случи бомбардирање на Корчула, па тие да преземат мерки и да се обидат да побараат засолниште за тој датум. Токму на тој ден се случува бомбардирање на островот! После војната, воениот обвинител бара за него смртна казна, обвинувајќи го дека бил германски шпион, оти такви информации можеле само тие да имаат!
Крајот на 1961, во писмо испратено до властите на тогашна Југославија, кое стои запечатено и документирано во архивите, ги предупредува да преземат мерки за засолнување на населението во околината на Брач, затоа што веројатно ќе се случи катастрофален земјотрес. Истото тоа и бива така како што тој предвидува, но 7 дена подоцна и околу 20 километри подалеку од денот локацијата која Дупор ја одредил. Го обвиниле за вознемирување на населението и јавноста...!
Умира 1981 година во Риека, иако самиот 1980 година самиот си ја исценира смртта, само повлекувајќи се во тивок и мирен живот во својот дом, не излегувајќи и не движејќи се меѓу луѓето, веројатно пресметувајќи дека судниот ден веќе му дошол.
Денеска во Загреб постои Факултет за астрологија „Миле Дупор“, посветен во чест на овој голем астролог.
Во текот на својот живот објавува околу 20 трудови, списи и книги. Од нив извира сарказам, непомирливост, длабок профетизам и фатализам. Редок писател каде со 4-5 зборови се објаснети неколку речеици! Самиот тој кажува дека нема простор за големи објаснувања, па мора да се снаоѓа! Најзначајни и најдостапни (барем само засега) му се овие неколку: