Милан Спасев Трпчевски ( 1924 во Шишево, Скопско12 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. На 22 ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која, по борбите во Македонија, заминал во Србија. Таму учествувал во ликвидирањето на заостанатите балистички банди. Потоа заминал за Војводина ѝ по тримесечната воено-политичка обука заминал на фронтот. На 12 април 1945 година бил учесник во големата офанзива на Првата југословенска армија. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободување на Врпоље, каде храбро загинал. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во родното село.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 151. На |first= му недостасува |last= (help)