Миладин Крстаноски

Миладин Крстаноски (? - Охрид, 25 април 2014) — македонски професор на ФТУ и доктор по правни науки.

Миладин Крстаноски
Починал 25 април 2014
Охрид, Македонија
Занимање професор

Животопис

уреди

Крстаноски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1975 година, а во 1980 година го положил правосудниот испит. Тој го продолжил своето образование со последипломски студии и магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Катедрата за кривично право и криминологија при Правниот факултет. Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја одбранил на истиот факултет. Бил добитник на Климентовата награда – Награда за животно дело во 2008 година. Во неговиот работен век работел во „Отекс” - Охрид, бил секретар во печатница „Коста Абрашевиќ” од Охрид, директор на општ сектор во фабриката, „Борис Кидрич” во Струга, секретар на ГП „Трудбеник” во Охрид, претседател на Судот за прекршоци - Охрид, Општествен правобранител на самоуправувањето–Охрид и директор на Казнено-поправната установа–Затвор Охрид. Во 1995 година бил избран за професор на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид по група на правни предмети на сите насоки каде работел со звање редовен професор.

Проф. д-р Миладин Крстаноски е автор на 50 книги од областа на правото и повеќе од сто научни и стручни трудови објавени во земјата и странство. Крстаноски досега објавувал и повеќе статии во „Млад борец”, „Студенски збор”, „Нова Македонија”, „Дневник”, „Пулс”, „Фокус” и др. Починал во Охрид на 25 април 2014 година.[1]

Наводи

уреди