Меѓувладина конференција за заеднички пазар и Евроатом

Меѓувладината конференција за заедничкиот пазар и Евроатом се одржала во Брисел, започнала на 26 јуни 1956 година со седница во големиот салон на министерството за надворешни работи во Белгија. Преговорите продолжиле во Val-Duchesse замокот во Аудергем (Брисел) и траеле сè до март 1957 година. Конференцијата се одржала за да се подготват договорите за основање на Европската економска заедница (ЕЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (ЕЗАЕ или Евроатом). Конференцијата се заснованаше врз резултатите од извештајот на Спаак комитетот и одлуката донесена на конференцијата во Венеција за подготовка на план за воспоставување на заеднички пазар и создавање на Европска заедница за користење атомска енергија во мирновременски цели.

Плакета по повод на Меѓувладината конференција од 1956

Конференцијата ја предводеше Пол-Анри Спаак, белгискиот министер за надворешни работи, шефови на шестте делегации од Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) беа Лодовико Бенвенути (Италија), Гроф Жан Чарлс Snoy et d'Oppuers (Белгија), Карл Фридрих Офулс(Сојузна Република Германија), Морис Форе (Франција), Јохан Линторст Хоман (Холандија) и Ламберт Шаус (Луксембург).

Заедничкиот пазар

уреди

Основниот принцип на заедничкиот пазар бил договорен од шестте членки на ЕЗЈЧ, но таму имало големи несогласувања во врска со постапките за неговата имплементација. Источна и Западна Германија и државите од Бенелукс, со нивните извозно ориентирани економии, се залагале за економски либерализам и сакале да ги намалат царинските давачки со цел да се симнат бариерите за трговска размена меѓу земјите-учеснички. На другата страна биле Франција и Италија, со своите помалку конкурентни економии, кои првенствено се залагале за механизам за регулирање на пазарот и одредена количина на заштита за надворешната конкуренција. Франција сакала да ја вклучи на некој начин својата африкански колонија во претстојниот европски заеднички пазар. Учесниците на конференцијата не можеле да постигнат задоволителен договор за заедничка земјоделска политика, но исходот од конференцијата овозможил подобрување на продуктивноста, самостојност во храна за заедницата и воспоставување на соодветна заработувачка за земјоделците.

Евроатом

уреди

Преговорите за Евроатом биле отежнати од страна на француската опозиција против каква било моќ на Евроатом за воена употреба на јадрената енергија. Ова можело да го попречи купувањето на јадрено оружје за Франција. Франција сакала да ги споделат трошоците за развојот на граѓанските јадрени истражувања со Евроатом, што секако би ослободило финансиски средства за сопствени воени јадрени истражувања. Иако останатите земји не биле подготвени да го прифатат овој став, на крајот тие се согласиле да ја остават воената употреба на јадрените истражувања надвор од договорот, но ја направиле предмет на меѓународната контрола. САД, исто така, се спротивставила на појавата на независна европска јадрена сила.

Кризата на Суецкиот Канал во 1956 година, која ја откри ранливоста на Европа во однос на снабдувањето со енергија имала влијание врз преговорите.

Резултат

уреди

Конференцијата довела до потпишување на Договорите од Рим на 25 март 1957 кои ја основаа Европската економска заедница (ЕЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (Еуратом) во редот на членовите на ЕЗЈЧ.

Слични статии

уреди

Извори

уреди