Методија Илиевски
Методија Илиевски - Креола (роден на 20 април 1914 година во Битола - починал во 1984 година во Скопје) — македонски оперски пејач.[1]
Методија Илиевски | ||
Роден | 20 април 1914 Битола, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | мај 1984 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 70)|
Националност | Македонец-Југословен | |
Народност | Македонец | |
Занимање | Оперски пејач |
Животопис
уредиИлиевски пеење научил приватно кај Ст. Липша. Во Операта на МНТ бил од 1948 до 1972 година. Во почетокот како член на Хорот, а подоцна како солист, бил носител на басовскиот репертоар во првите две децении од дејноста на Операта. Остварил повеќе од 45 помали и поголеми улоги, меѓу кои позначајни се: Дон Базилио (Севилскиот бербер), Дулкамара (Љубовен напиток), Филип (Дон Карлос), Спарафучиле (Риголето), Цар Самуил во истоимената опера од К. Македонски. Поседувал мек и пријатен глас со басовско-баритонски тембр.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 598. Text "series " ignored (help)