Месопотамски поход
Месопотамскиот поход бил поход на Блискиот Исток во текот на Првата светска војна меѓу Велика Британија и Османлиското Царство. Војната во Месепотамија следувала истовремено со Синајскиот и палестински поход и Кавкаскиот поход.
Месопотамски поход | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Прва светска војна | |||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Британска Империја | Османлиско Царство Германско Царство |
||||||||
Сила | |||||||||
350,000[1]-410,000+[2] | 100,000+[се бара извор] | ||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
92,000 | 100,000 |
До војна во Месопотамија (денешен Ирак) се стигнало сосема случајно. Британија на почетокот немала интерес за овој дел од Османлиското Царство, додека Османлиите на чело со Енвер Паша оваа територија ја ставиле како последна во списокот на приоритети бидејќи многу поважен за нив бил Кавкаскиот фронт и Синајската и палестинска кампања. Освен тоа Месопотамија била скоро целосно изолирана од империјата. Работите околу изградбата на железничката пруга Берлин-Багдад започнале уште во 1888 година, но во 1915 година од Истанбул до Багдад се патувало за 21 ден. Целта и интересите на Британија станале поголеми поради големите резерви за нафта и да ги брани своите сојузници во регионите на Персија и Кувајт.
Првите британски напади започнале со заземање на Басра. Главната турска армија се наоѓала во преградието на Багдад но турскиот отпор бил многу слаб. Генералот Никсон пристигнал во април 1915 година како нов британски командант за Месопотамија и веднаш наредил напад кон Кут и Багдад. Британците успеале да им нанесат неколку порази по долината на реката Тигар. Енвер Паша се исплашил дека овие настани можат да доведат до паѓање на Багдад по кое следувала германска помош на страната на Османлиите.
Битката кај Ктесифон во 1915 година не донела победник, па британските сили се повлекле кон Кут. Ова повлекување се покажало како голема грешка за британските сили бидејќи самиот град бил изолиран и по доаѓањето на германско-турските војници, градот бил ставен под опсада. Опсадата траела од 7 декември 1915 до 29 април 1916 година. Британците направиле три обиди за пробивање на опсадата но без успех и со загуба од околу 23,000 војници и 6,000 заробеници. Битката завршила успешно за Османлиите и оваа битка била една од последните успешни во текот на војната, заедно со операцијата во Галиполе.
По британскиот пораз кај Кут, дошло засилување на чело со командантот Мод и неговата офанзива започнала на 13 декември 1916 година од двете страни на реката Тигар и во февруари 1917 година. Британците повторно го освоиле Кут. По овој успех Британците кон почетокот на март пристигнале пред Багдад. На чело на османлиската војска бил Халил Паша, но генерал Мод успеал да ги уништу турските одбранбени позиции. На 11 март 1917 година Британците влегле во градот и заробиле 9,000 турски војници.
Британскиот генерал по освојувањето на градот изјавил преку соопштение до народот дека неговите војски не дошле како освојувачи или непријатели, туку како ослободители. Во текот на оваа кампања Британците имале 92,000 жртви додека турските не се познати, но Британците заробиле околу 45,000 турски војници. Поголемиот дел од британските војници биле по потекло од Индија.
Наводи
уреди- ↑ Erickson 2007, page 154.
- ↑ A naval history of World War I, Paul G. Halpern, Routledge, 1995, ISBN 1-85728-498-4, page 132.