Пегаз (митологија)

Пегаз во старогрчката митологија е крилест коњ. Скокнал од крвта на Медуза кога Персеј ѝ ја отсекол главата. Белерофон го заробил Пегаз и го јавал во многу свои походи, вклучувајќи ја битката со Химера, но кога се обидел да го јава крилестиот коњ кон небото бил отфрлен и убиен, а Пегаз останал на небото како соѕвездие. Летот на Пегаз често се смета за симбол на поетското вдахновение.[1]

Белерофон со Пегаз

Наводи уреди

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 148